Search This Blog

Monday, August 20, 2007

Овци ... Кози ... Тиквешко

Ovci - miks 1 (Large).jpg

На Тиквешко се изнагледав секакви животни ... Оние кои се поврзани со езерото и чистиот воздух ... мислам на птиците ... Но, на мое големо изненадување на среде бањање ни помина едно стадо со овци, кози ... две кучиња ... секако и овчар-козар ... И би - фото сесија на кози и овци ...

Ovci - miks - kozi 2 (Large).jpg

Козите се покажаа подобри фотомодели ... Овците само трчаа како без глава ... Џабе не се вика ... “овци едни“ ... Козиве некако побисти се изгледа ...

Ovci - miks - ovcar 3 (Large).jpg

Најдобар позер испадна Овчарот т.е. Козарот ... А кутрињава некако неухранети ми изгледаа ... Шарпланинци во Тиквешкиот регион изгледа не вирајат ... вруќина им е ??

Романтичен секс за 100.000 евра ...

Сто иљади евра чинел романтичниот секс на млад пар во Германија ... Имено девојката за да направи романтична атмосфера ... запалила многу свеќи во собата - додека имала прв секс со својот партнер ... Во занесот на сексот се подпалила собата и изгорел станот ...

Својот прв возбудлив секс дваицата германци долго ке го паметат ... веројатно до крајот на животот ... И без ова сите го паметат својот прв секс ...

Глобализациско име “@“

Имаше порано шала ... на прашањето како кинезите ги крстат своите деца - се велеше: ке пуштат една конзерва по скали ... и по звукот на удирањето на конзервата ке го крстеа детето “трам-лам-дан...“

Е и на кинезите влијае глобализацијата и интернетот ... Една двојка решила своето дете да го крсти “@“ .

- тој знак ја одразува нивната љубов кон нивниот наследник ...
- На мандаринскиот дијалект „ет“ кога ќе се изговори со развлечено „т“ звучи на „аи та“ или „го сакам“
. ...

- At sign ... “@”

Мали Хидроцентрали (втор дел)

Во последните неколку години во Македонија е модерно да се зборува ... да се најавуваат нови инвестиции со таканаречените мали хидроцентрали ... За ова пишував опширно во мојот пост “МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ“

Се најавуваа стотина мали хидроцнетрали ... Од друга страна имаме денеска еден напис на Дневник - ВО ПЛЕВЕЛ НАЈСТАРАТА ХИДРОЦЕНТРАЛА ... Крадци ги вртат турбините во Вруток ... Најстарата мала хидроцентрала е тотално напуштена и последен пат произведувала струја во далечната 1979 година ... Сега е сопственост на ЕСМ-ЕВН ... Представува и опасност за месното население - бидејки дел од објектот е под напон ... но тотално напуштен представува само опасност за деца кои слободно влегуваат и се играат низ објектот ...

Некогаш селото Вруток добило струја пред Гостивар ... и тоа бесплатно ... Хидроцентралата била пуштена во погон во 1937 година ...

- Еве неколку линк за Малите хидроцентрали ...
- МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ
- Избрани компаниите што ќе градат мали хидроцентрали
- Објавен тендерот за изградба на мали хидроцентрали
- Бизнисот со мали хидроцентрали се по атрактивен
- Ќе се градат 15 мали хидроцентрали
- Наместо на 60 локации мали хидроцентрали ќе се градат на 41
- Над 120 компании заинтересирани за мали хидроцентрали

Saturday, August 18, 2007

Friday, August 17, 2007

Ж‘та ... Тиквешка

P8100208.JPG

Ж‘та ... Тиквешка ...

Даноци

Мала држава како што е Македонија е идеална да се суреди по теркот на малите држави во Европа - кои се магнет за богатите светски Џетсетери и спортисти ... благодарејки на малите даноци ...

Со намалување на даноците стартува Владата на Груевски ... со цел да привлече странски инвеститори ... Но некако не појде таа работа ... Или премногу малку се намалени даноците ... или сеуште имаме неповолна општа клима за инвестирање ...

Од друга страна граѓанинот македонски - плаќа високи стапки за доприноси ... Еве и даноците на имот се зголемуваат ... Цените растат а платите стојат во место ... Испаѓа дека намалувањето на даноците за странските инвеститори се балансираат со зголемување на наметот врз домашниот граѓанин ...

Сето ова можеби би било во ред доколку имавме една тенденција на зголемување на животниот стандард на граѓанинот и намалување на невработеноста ... но ...

Thursday, August 16, 2007

Штрк - Тиквешко ...

Strk-Tikvesko-miks (Large).jpg

Тиквешко е полно со риби ... тоа рибарите го знаат и затоа е најчеста дестинација за риболов ... Но на Tиквешко има безброј птици ... Ви ги преставив гуските ... Се слушаа богами и кокошки ... а тука еве ви го представувам и тиквешкиот Штрк ... Во блиската околина избројав неколку штркови ... Грациозна птица за која многумина веруваат дека носи среќа ... Заради тоа верување и заради тоа што штрковите се хранат со разни влекачи ... змии ... гуштери ... полски глувци ... штрковите се сакаат со луѓето и живеат во симбиоза ... Живеат во исклучително чисти еколошки средини ... птици преселници се ... Велат дека на Тиквешко знае по некој пар и да презими ... Или се работи за млади птици кои не би издржале долги патување или се работи за слободна проценка на штрковите дека може да презимат и на Тиквешко ...

На Тиквешко од птици видов и гњурци ... галеби ... ластовички ... и врапци ... Чудно но чафки не видов ...

- Линкови 1 ... 2 ... 3 ... 4 ...
- Strk ... Roda ... Stork ... Störche ... Ciconiidae ... Πελαργός ... Bocianowate ... Аистовые ... Leylek ...

White Storks build large nests in high places.

Blog Archive

Site Meter