Search This Blog

Monday, July 17, 2006

Иљов и Калето

Васил Иљов е во центар на вниманието кога се во прашање
Скопското кале навечер
Зголеми
Скопското кале навечер
Една од кулите на калето (фотографирал: Мире Славејков)
Зголеми
Една од кулите на калето (фотографирал: Мире Славејков)

Камениот мост и Скопското Кале. Еве сега Шпиц дава информација дека Иљов бара прекин на реставрацјата на калето.
Изворно тука.

“..Според него, таму се спроведува лаичка интервенција, надвор од главниот проект што тој го изработил и наспроти законските прописи. Тој се повикува на одредбите од Законот за градба и на Законот за заштита на културното наследство, кои според него, се прекршени повеќе пати.

- Градат без моја согласност, односно без согласност на проектантот -вели Иљов..“

Еве неколку линкови за Скопското кале:
- Скопско кале од Википедија
- Метаморфозите на Скопското Кале
- Скопје од Википедија
- Галерија

Стоби


Просторот на Римскиот форум, каде што се протегал раноримскиот град во периодот од 1 до 3 век. Со новооткриените два објекта се дефинира центарот на раноримскиот град
Стоби е вечна инспирација за Македонските археолози со децении наназад и можеби најподатливото Археолошко напѓалиште во Македонија. Бидејки лежи на магистралниот пат треба да биде и едно од најважните места кадее патник низ македонија ке мора да застане - да одмори и попат да научи нешто за Македонските Археолошки богатства...

Еве нови наоди од годинашното ископување во Стоби. Линк тука.

“..Со проектот е планирана и обнова на постоечкиот мал музеј на Стоби и проширување на неговата постојана, исклучително сиромашна со експонати музејска поставка на што ќе работи Националниот конзерваторски центар..“

Еве подолу неколку корисни линкови за стоби:
- Стоби - Од Википедија
- Ценовник на копии од предмети од
Археолошкиот локалитет „СТОБИ” - Градско

- Скупи, Стоби, Хераклеја

“Уште Петко не роден а капа му кројат“

Мандатарот на новата влада - кој сеуште го нема званично добиено мандатот за состав на новата влада (заедно со победничката партија од изборите) - се впушти во расправии што да направи во првите чекори на новата влада...

Па така слушнавме:
-За правобранител странец - контраверза која имаше многу полемики кои сеуште трајат во круговите на стручната и нестручната јавност.
-За воведување на трет мобилен оператор и симнувањето на монополот на МТ... и незнам колку време бесплатен интернет за сите македонци..(искрајно би сакал ова да го остварат - заради младите - ако немаат можност за прошетка по светот (виза проблем) барем да можат да сурфаат по светот на интернетот...
-Еве сега најава за борба за странски инвестиции - со заложба за дваица министри за странски инвестиции. Линк тука.
Би сакал да и укажам на новата влада да не ги заборава домашните инвеститори - граѓаните на РМ. Се покажа дека кај Македонскиот граѓанин сеуште има резерви во домашниот буџет. Како само ревносно го полневмеа буџетот на МТ. Зборот ми е не да се прават нови даноци и зафаќања тоа не. Напротив. Но од она што е веќе зафатено да се вложува во стопанството и во неговиот развој за да се подобри вработеноста. Сите други Влади до сега има само потрошувачки буџет - се грижеа само какви коли ке возат - на колку саеми ке појдат со секретарките или без - во какви канцеларии ке бидат и т.н и т.н.
-Инаку оправдани се реакциите дека Владата во заминување не треба да носи одлуки кои не се најнеопходни за функционирање на државата. Сепак се сега тие само техничка влада. Немаат мандат за повеќе од неопходното...

Тажна приказна со среќен крај

Откако единаесетгодишниот Александар Ристески - беше погоден од гром - брзо потоа однесен во боленица - неколку дена беше во кома - и еве сега се разбудил од комата. Сепак среќа за родителите и за Александар.

Повеќе тука.

“Славомакедонци“ и Тајмс

Одкако Тајмс напиша напис во кој ни стави доавка - “Славомакедонци“ - и одкако доби многу меилови во кои Македонците негодуваат за тоа. Тајмс еве се извинува...

Еве како треба да си се бориме самите за себе. Повеќе тука.

“..Весникот открива дека веднаш по публикувањето на текстот, редакцијата и авторот на написот за Македонија, Ентони Браун, била преплавена од протестни писма и пораки од Македонци или од граѓани на други земји по потекло од Македонија, со тврдење дека употребата на придавката словенски за да се објасни потеклото на народот и неговиот јазик е навредливо.

Извинувањето од редакцијата доаѓа по повод написот од 6 јули, посветен на парламентарните избори во Македонија, во кој весникот вели дека еден словенски националист, поранешен боксер и актер-аматер е избран за нов премиер на земјата со проблеми, Македонија...“

Sunday, July 16, 2006

Геровски vs. Латас 2-дел

Уважените новинарски пера ги користат секој својот медиум да си удираат меѓусебни “пацки“.

Најпрвин Латас во Светла точка искористи можност - да каже неколку “убави зборови“ за Геровски... А и пиша сторија за “Исчурувањето на Геровски“ - во дневниот весник Вечер... За ова пишував во мојот предходен пост. Линк тука.

Еве во денешново издаие на Шпиц - Геровски користи прилика да врати некоја пацка - према Латас. Линк тука.

“..Имено, за таквите како Латас, д-р Чехов има кажано една интересна дијагноза: „Кога ќе видам како некои неталентирани писатели јадат печени патки, мене навистина искрено ми е жал за тие патки“..“

“..тие информациите за состојбите во победничкиот табор ги добиваат од својот извор, имено од својот уредник Латас, кој седи со Никола Груевски тет а тет и бистри политика..“

Веројатно ке имаме можност да гледаме и други продолженија... Геровски vs. Латас

Љубов на отворено небо

Од секогаш во летните периоди бил актуелен флертот и љубовта во кола - под отворен небо - во некое полузатемнето место покрај пат. Тоа во Скопје се пред се падините на Водно и другите околни излетнички места.


Зошто младите и швалерите го заменуваат најдоброто место креветот - и му даваат предност на тесното седиште на аутомобилот. Ако барем се сака природа секако подобра варијанта е ливада... или некоја осамена плажа... езерска, речна...

Денешно Време дава напис за ова - линк тука.

“..Десетици автомобили со замаглени стакла се нишаат и преку ден, пред се за време на паузите од работа. Водно го посетуваат сите - и младите вљубени двојки што немаат празен стан, и оние со девојки за една вечер, како и тие што ги изневеруваат своите партнери со други..“

“..Но, автомобилот сепак не е кревет, па затоа „заработуваме“ и по некоја модринка на лактите, на колената, на табаните или на други места, зависи дали сме на предното или на задното седиште и во која поза..“

Saturday, July 15, 2006

Фудбалот наш Македонски

Заврши Светското у фудбал. Предходно завржија и европските купови. Се изнагледавме фудбал. Ни фалеа само поинвентивни спортски коментатори на МТВ. Или барем да можевме преносите да ги гледаме на ХРТ 2.

Вардар лого

Таман не порадуваа двата последни успеха на Македонската фудбалска репрезентација - не отрезнија првите утакмици на нашите клубови по Фифа лигите.
Кликните тука, за да ги видите маките и немоќта на Вардар.
Клубски фудбал Македонија нема. Од распадот на Југословенската фудбалска лига не сум гледал ниеден натпревар на Вардар....

Просечност т.е. би рекол подпросечност никој не сака да гледа во спорт. Ги видовте ли само кави стадиони направи Германија...Страва. Каде сме ние еден век касниме...

Дали треба и кај нас некои клубови да ги кзнат како во Италија за да ни тргне... со чист старт...

АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ

За нивните успеси по странство пишував во еден друг пост.
Виду тука.

И летово нашиве врвни уметници не ја збораваат Македонија. Во Охрид се. Ана учествуваше на отварењето на Охридско лето а Игор деновиве ке настапи на истиот фестивал во Моцартовиот "Реквием".

Добар напис повторно за нив пренесува Вест. Линк тука.
Имаме веќе доволно стаж надвор од земјава па ја имаме потребата да дојдеме и да се нахраниме од корените, со овдешната енергија и со љубовта од блиските луѓе. Вакви луѓе на Запад не се произведуваат", вели Ана.

Со жалење констатираат дека во Македонската опера има одлични, дури европски услови за работа, но дека го оправдуваат незадоволството на слабо платените музичари.

Изборниот напис што у ствари е интервју изобилува со идеи на младите уметницим како и стории од нивниот живот и кој има време нека го прочита.

Се знаеме како треба, ама некако тештко ни оди, зошто....

“Фрлање смет“

Навистина е грда нашата навика сметот да го фрламе во утринските часови - кога одиме да пазариме - или кога одиме на работа. Потоа цел ден сметот на жешкото сонце - онака “убаво мириса“... и “супер изгледаат“ полните контејнери. Посебно сега кога е сезона на лубеница рејата е “супер“ ...

Затоа во потполност ја подржувам акцијата на Ајродром за фрлање на смет во термини непосредно пред нивното собирање...

Познавајки ја околината ова тешко ке вроди со резултат, ако не се стимулира т.е. дестимулира со казни. За почеток еве предлагам да се испраќаат фотки до месечникот на Ајродром кој ке ги објавува и така ке ги сатанизира - кривците. Ке ги става на столбот на срамот. На акцијата би било добро да се придружат и сите дневни и неделни весници - како и електронски медиуми. Само така како една целосно организирана акција таа ке успее.

Инспирацијата за идејава е од тука.

Blog Archive

Site Meter