Test, test, test... Корона ...
Ова е најважната порака на СЗО (Светска здравствена организација) од вчера кон сите земји како главен елемент на борбата на секоја држава против Корона вирусот. Една вакцина кошта 25 долара (према изјавата на Др Пановски). Дознавме и тоа дека е ограничена доставата за држави како нашата големина на 500 неделно. Ние до сега имаме тестирано 500 индивидуи се на државен трошок. На залиха сега имаме 1500.
Првото на што помислив после пораката на СЗО “Testing, testing, testing“ беше - ова какао да е “бизнис“ порака, но од кого - веројатно од светските моќни фирми кои се бават со пронаоѓање и производство на вируси, лекови и нивни вакцини. Сите знаеме кој стои позади нив. За некоја недела ке чуеме дека се пронајдени лекови против корона вирусот. Веројатно има и вакцини но несмејат да ги обзнанат - така би признале дека се и творци на корона вирусот. Ова е теорија на заговор.
Чудно е што корона вирусот се појави во Вухан, градот каде е сместена најголемата кинеска лабараторија за вирусна технологија. Сите се прашуваме да не се заиграл некој таму. Да имаше таков случај ке слушневме до сега за големо стрелање во Вухан. Таму стрелаат и за обични кражби. Можно е и да имало стрелање но овојпат било тајно, бидејки така би признале дека некоја кинеска државна компанија е одговорна за овој вирус - така сите држави ке ја тужеа Кина за штетата.
Го слушнавме Трамп како на неколку пати ги собра главните лабаратории за производство на вируси и анти вируси и им вети огромна финасиска помош од буџетските пари на САД - десетици милијарди долари. Дури проба да ја откупи најавента технологија за вакцина од некоја германска лабараторија.
Да подсетам пред десетиниа години кога сите држави купува “Тamiflu“, лекот за свинскиот грип - на нас ни остана сета колишина непотрошена, не се потроши ниту едно пакетче. Сето беше уништено.
Се се ова теории на заговор но во случјот се премногу видливи.
Кој е веројатниот организатор на сето ова?
Се разбира главните мултинационални банкарски организации кои веќе тријат раце. Она што единствено работи кога сите стравуваме од вирусот се тие банкарски организации кои имаат право да штампаат пари и да кредитираат. Дури и нашиот предходен Премиер кога го образложуваше барањето за вонредна состојба, главе адут му беше дека оној што ке биде меѓу првите кои ке побараат пари од меѓународните банкитреба да бидеме и ние за поефтино да ги добиеме. Рече дека тоа ке биде тешко бидејки дури и најмоќните држави сега се прерачунаваат колку пари треба да се зајмат.