Search This Blog

Monday, March 23, 2020

Галактички сон во утрото кога снегот забелеа во Скопје.

Галактички сон во утрото кога снегот забелеа во Скопје.
Познат сум по креативни сонови кои ако ги запишам веднаш кога ке станам се цела една приказна.
Животот на нашата планета земја стана толку неподнослив бидејки со него владее група на луѓе кои го претворија животот во невозможна мисија.
Некои луѓе ме земаат и мене и заедно одиме во нова планета која е скоро сосема иста на нашата и на која има гостопримливи тамошни жители кои не прифатија нас новодојденците таму. Еден од нив кој е со надприродни својства ги воедначи и нивните постоечки жители и нас новодојденците во истородни луѓе по нашиот терк. Во такви услови ние сосема добро комуницираме заеднички во новата планета. Управувачкиот совет на новата заедница има јавен собир на сите највлијателкни луѓе од новата планета и на нас новодојдените. Незнам заради што и јас се наоѓам во тој собир каде сите имаат исто право на глас и право на одлука во една невидена рамноправност. Се договараме како ке живееме тука во новата потполна рамноправност. Ме зачуди дека некаде има таков систем на вредности во едно општество но истовремено и ме зарадува што имам можност да живеам во него.
Утринскиот аларм зазвони и јас се разбудив во нашата реалност.

Friday, March 20, 2020

Заштитни маски

Заштитните маски и хируршките ракавици во последниве денови се носат како знак за престиж. Колку навистина тие помагаат да се заштитиме? Веројатно помагаат но тие се за еднократна употреба и се чини дека повеќе се носат како знак за престиж, дури и како моден детал. Хируршките маски и хируршките ракавици се наменети за докторите.
Македонија нема технологија да произведе висока технологија, ама за заштитни маски има доволно текстилни погони да произведува за себе но и за извоз. Прочитав некаде дека во Вухан една од поголемите фабрики за производство на автомобили преку ноќ се преорентирала за производство на заштитни маски. Ако можат тие зошто не би можеле и ние.
А и самите можеме да си помогнеме. Сите дома имаме памучни мајци кои од долга употреба стојат на местото каде ги земаме за да бришеме прашина. Но тие се одлични и за претварање во заштитни маски и тоа за повеќекратна употреба. Дојдеш дома и ги переш на кување. Од кога ке се исушат спремни се одново да послужат.
Се појавија веќе вести дека многу текстилни фабрики во Прилеп и Штип веќе произведувааат заштитни маски за повеќекратна употреба.
Нашите баби и во лето и во зима користеа шамии. Ние сите останати користевме шалови.

Thursday, March 19, 2020

Test, test, test... Корона ...

Test, test, test... Корона ...


Ова е најважната порака на СЗО (Светска здравствена организација) од вчера кон сите земји како главен елемент на борбата на секоја држава против Корона вирусот. Една вакцина кошта 25 долара (према изјавата на Др  Пановски). Дознавме и тоа дека е ограничена доставата за држави како  нашата големина на 500 неделно. Ние до сега имаме тестирано 500 индивидуи се на државен трошок. На залиха сега имаме 1500.
Првото на што помислив после пораката на СЗО “Testing, testing, testing“ беше - ова какао да е “бизнис“ порака, но од кого - веројатно од светските моќни фирми кои се бават со пронаоѓање и производство на вируси, лекови и нивни вакцини. Сите знаеме кој стои позади нив. За некоја недела ке чуеме дека се пронајдени лекови против корона вирусот. Веројатно има и вакцини но несмејат да ги обзнанат - така би признале дека се и творци на корона вирусот. Ова е теорија на заговор.
Чудно е што корона вирусот се појави во Вухан, градот каде е сместена најголемата кинеска лабараторија за вирусна технологија. Сите се прашуваме да не се заиграл некој таму. Да имаше таков случај ке слушневме до сега за големо стрелање во Вухан. Таму стрелаат и за обични кражби. Можно е и да имало стрелање но овојпат било тајно, бидејки така би признале дека некоја кинеска државна компанија е одговорна за овој вирус - така сите држави ке ја тужеа Кина за штетата.
Го слушнавме Трамп како на неколку пати ги собра главните лабаратории за производство на вируси и анти вируси и им вети огромна финасиска помош од буџетските пари на САД - десетици милијарди долари. Дури проба да ја откупи најавента технологија за вакцина од некоја германска лабараторија.
Да подсетам пред десетиниа години кога сите држави купува “Тamiflu“, лекот за свинскиот грип - на нас ни остана сета колишина непотрошена, не се потроши ниту едно пакетче. Сето беше уништено.
Се се ова теории на заговор но во случјот се премногу видливи.
Кој е веројатниот организатор на сето ова?
 Се разбира главните мултинационални банкарски организации кои веќе тријат раце. Она што единствено работи кога сите стравуваме од вирусот се тие банкарски организации кои имаат право да штампаат пари и да кредитираат. Дури и нашиот предходен Премиер кога го образложуваше барањето за вонредна состојба, главе адут му беше дека оној што ке биде меѓу првите кои ке побараат пари од меѓународните банкитреба да бидеме и ние за поефтино да ги добиеме. Рече дека тоа ке биде тешко бидејки дури и најмоќните држави сега се прерачунаваат колку пари треба да се зајмат.

Wednesday, March 18, 2020

Како да се победи корона стравот?

Како да се победи корона стравот?
Најголем страв кај секој хуманоид е стравот од смрта. Секој човек е свестен дека со самиот момент на раѓање со сигурност се знае дека еден ден ке умре. Сите го потиснувме тој страв бидејки никој не знае кога ке дојде моментот на смрта.
Кога престанува стравот од смрта?
Оној момент кога ке отрпнеш престанува и стравот. Имав среќа или несреќа да живеам во Бадад во времето кога во војната со Иран секојденвно паѓаа по неколку ракети. Таму каде што тие ке паднеа правеа кратер како една зграда. По првите ракети стравот беше огромен. Многумина кои не можеа да го совладаат стравот се враќаа дома. Ние кои останавме отрпнавме по некое време.
Да го преведам тоа на случајот на стравот од корона смрта. Додека умираа луѓето во Кина кај сите нас стравот беше мал. Секој си велеше Кина е далеку веројатно нема тоа да дојде кај нас. Како се доближуваше короната поблиску до нас стравот се зголемува и поради новите медиуми стравот кај сите нас прераснува полека во хистерија. Во моментите на хистерија разумот се губи и се прават неразумни дејствија. Кога ке се надмине пикот и како ке се намалува бројот на жртвите стравот ке биде се помал.
Со ова не велам дека треба да бидеме неразумни и да не се придржуваме на препораките на медицината како да се намали веројатноста дека ке заболиме од корона вирус.

Tuesday, March 17, 2020

Колку ке не кошта корона кризава.

Колку ке не кошта корона кризава? Од наеминентни лица кои се на врвот на нашите институции прва прогноза е дека само до сега кај меѓународните банки ке мора да се задолжиме за нови 500 милиони евра.
Кој е нарачател на корона кризава? Оние кои штампаат пари или можеби пензиските фондови, кои се заинтересирани да има што помалку пензионери.

Monday, March 16, 2020

Корона СВОЗ

Корона “СВОЗ„ - Сите во одбрана и заштита. Сите се смеевме на минатиот систем, но тој го практикуваше “СВОЗ„. Е по тој систем ке живееме во наредните два ипол месеца - бидејки веќе пола месец трае гужвата. Сите вируси од почекот до нивниот пик и смирување трајат приближно три месеца. На крај пак сето ова ке го пплаќаме со десетици години кај банките кои на светско ниво само штампаат пари колку што ке им побарате. Во меѓувреме и сонцето ке помогне.

Saturday, February 01, 2020

Ке ме огрее ли сонце...

Овие денови на менување на времето, кога има голема вируза во воздухот - еден таков ме фати и мене. Седум денови со лекови 10, дена без лекови мора да се поминат. Денеска на ова убаво сонце на некои 15 степени седнав на сонце и се препуштив н неговото милување. Тогаш ја сватив старата изрека “ке ме огрее ли сонце“ ...

Monday, November 25, 2019

Државни кучиња (глутница).

Во државата на една страна стои граѓанинот а на друга страна стојат институциите не државата. Се чини дека граѓанинот ја изгуби довербата во државните институции кои треба да се само сервис на граѓанинот. Граѓанинот е се повеќе гневен и разочаран од сите државни институции. Не е случајен егзодусот на сите, особено младите, кои среќа си бараат во некои други држави. Највеќе боли немањето на правда и правичност. Од една страна државата секојдневно ги пушта своите кучиња како глутница волци да го санкционираат и најмалиот прекршок на граѓанинот кон државата - а од друга страна секојденвно гледаме дека главните организатори на политичкиот живот се недопирливи за институциите. Па така имаме случаеви и за еден динар долг према некоја институција во државата да се пуштат глутниците (извршителите) да ја цицаат крвта на граѓанинот - а од друга страна имаме секојденвно судско избегнување на правдата на главните политички актери кои успешно како по договор ја избегнуваат правдата. 

Friday, November 08, 2019

Во што е тајната на добрата фотографија?

Во што е тајната на добрата фотографија?

Фотографијата е релативно млада уметност која почнува некаде во 1820 година.
Зборот фотографија  доаѓа од двата грчки збора "ФОС"(светлина) и "ГРАФОС"(со значење пишуваъе или цртање со светлината).
Фотографија е уметност, наукат и практика на создавање на долготрајни слики со снимање на светлина или други електромагнетни зрачења, или хемиски, со помош на материјали чувствителни на светлината, како што е фотографски филм, или по електронски пат со помош на сензорот за слика. Типично, леќата се користи за да ја фокусира одбиената или испуштената светлина, од предмети во вистинска слика, на површина чувствителна на светлина во внатрешноста на фотоапаратот, за време на експонажата. Резултатот во електронскиот сензор за слика е електрично полнење на секој пиксел, кој електронски се обработува и се чува во една датотека за дигитална слика, за следниот приказ или обработка.

За да почнеш да се бавиш со фотографијата треба да имаш порив и дарба која треба да ја развиваш практикувајки ја фотографијата и стално учејки за неа. Значи фотографијата е визуелна уметност која своите правила ги црпи од класичната уметност сликарството. Од сликарството се земени многу правила кои важат за неа: пред се правилото за добра композиција и пресек (што се треба да влезе во кадарот и до каде треба да биде пресечено). Како да се добие побра поделеност на светлото и сенката. Да се искористи добрата светлост, да се знае како да фотографираш во контрасветлост. Фотографијата како и сликарството треба да предизвика емоција која се изразува кога во прв момент ке ја погледнеш готовата фотогрија. Тоа значи да има приказна во себе. 

Од кога ке добиеш сознание дека ти се допаѓа уметноста во фотографскиот приказ треба да набавиш фотографска опрема во сегашноста тоа е Дигитални фото-апарат. Тоа е море од понуда на квалитетна опрема во која спаѓа фотографското тело и многуте објективи и други додатоци. Најпрвин сето тоа ке те исплаши бидејки изборот на фотоапарат е како избор на сексуален партнер. Море од понуда. Треба да бидеш скромен во почетокот да си го измериш буџетот и да се одлучиш за не толку скапа опрема но не и најефтиното. Добро е да имаш пријател кој би те посоветувал во изборот.

Откко ке ја купиш фотограската опрема треба постепено да учиш од упаствата за употреба - истовремено гледајки туѓи фотографии. Додека да сватиш дека има голема разлика на сликање со автоматика и сликање со избрани опции пред окинувањето на апаратот ке помине многу време во експериментирање. Вкупната количина на светлина, достигнувајќи го рамништето на филмот (експонажата) се менува со времетраењето на експонажата, отворот на објективот, како и на постоечкото фокусното растојание на објективот ( кој во променлива фокусна лента, може да предизвика промена во отворот, додека објективот се зумира). При менување на овие контроли, експонажата може да се измени.

Тајната на добрата фотографија ја запознаваш дури од кога правилно ке избереш сет на објективи и други технички додатоци кои се потребни за вистинска фотографија. Одпосле ке сватиш дека објективите и техничките додатоци ке те коштаат неколкукратно повеќе од самото фотографско тело. Сетот на објективите е неколкукратно поскап од самото фотографско тело. Но вистинскиот вљубеник на фотографијата ке пронајде свој сооднос на желбите и можностите што ги нуди фотографската опрема со сите додатоци.

Saturday, October 26, 2019

Почнаа изборно да си ги мерат.

Почнаа изборно да си ги мерат. По Мицковски во Прилеп си го мери Заев. Не е важно што изборите ке бидат по незнам колку месеци, изборите во МК почнаа ... Правилата не важат за големите (реклама/политичка кампања за избори само на избори) кои годишно си обезбедија доволно пари од буџетот за да ни го “загадуваат“ загорчуваат секојдневието со нивните изборни ветувања ...

Blog Archive

Site Meter