Search This Blog

Friday, November 08, 2019

Во што е тајната на добрата фотографија?

Во што е тајната на добрата фотографија?

Фотографијата е релативно млада уметност која почнува некаде во 1820 година.
Зборот фотографија  доаѓа од двата грчки збора "ФОС"(светлина) и "ГРАФОС"(со значење пишуваъе или цртање со светлината).
Фотографија е уметност, наукат и практика на создавање на долготрајни слики со снимање на светлина или други електромагнетни зрачења, или хемиски, со помош на материјали чувствителни на светлината, како што е фотографски филм, или по електронски пат со помош на сензорот за слика. Типично, леќата се користи за да ја фокусира одбиената или испуштената светлина, од предмети во вистинска слика, на површина чувствителна на светлина во внатрешноста на фотоапаратот, за време на експонажата. Резултатот во електронскиот сензор за слика е електрично полнење на секој пиксел, кој електронски се обработува и се чува во една датотека за дигитална слика, за следниот приказ или обработка.

За да почнеш да се бавиш со фотографијата треба да имаш порив и дарба која треба да ја развиваш практикувајки ја фотографијата и стално учејки за неа. Значи фотографијата е визуелна уметност која своите правила ги црпи од класичната уметност сликарството. Од сликарството се земени многу правила кои важат за неа: пред се правилото за добра композиција и пресек (што се треба да влезе во кадарот и до каде треба да биде пресечено). Како да се добие побра поделеност на светлото и сенката. Да се искористи добрата светлост, да се знае како да фотографираш во контрасветлост. Фотографијата како и сликарството треба да предизвика емоција која се изразува кога во прв момент ке ја погледнеш готовата фотогрија. Тоа значи да има приказна во себе. 

Од кога ке добиеш сознание дека ти се допаѓа уметноста во фотографскиот приказ треба да набавиш фотографска опрема во сегашноста тоа е Дигитални фото-апарат. Тоа е море од понуда на квалитетна опрема во која спаѓа фотографското тело и многуте објективи и други додатоци. Најпрвин сето тоа ке те исплаши бидејки изборот на фотоапарат е како избор на сексуален партнер. Море од понуда. Треба да бидеш скромен во почетокот да си го измериш буџетот и да се одлучиш за не толку скапа опрема но не и најефтиното. Добро е да имаш пријател кој би те посоветувал во изборот.

Откко ке ја купиш фотограската опрема треба постепено да учиш од упаствата за употреба - истовремено гледајки туѓи фотографии. Додека да сватиш дека има голема разлика на сликање со автоматика и сликање со избрани опции пред окинувањето на апаратот ке помине многу време во експериментирање. Вкупната количина на светлина, достигнувајќи го рамништето на филмот (експонажата) се менува со времетраењето на експонажата, отворот на објективот, како и на постоечкото фокусното растојание на објективот ( кој во променлива фокусна лента, може да предизвика промена во отворот, додека објективот се зумира). При менување на овие контроли, експонажата може да се измени.

Тајната на добрата фотографија ја запознаваш дури од кога правилно ке избереш сет на објективи и други технички додатоци кои се потребни за вистинска фотографија. Одпосле ке сватиш дека објективите и техничките додатоци ке те коштаат неколкукратно повеќе од самото фотографско тело. Сетот на објективите е неколкукратно поскап од самото фотографско тело. Но вистинскиот вљубеник на фотографијата ке пронајде свој сооднос на желбите и можностите што ги нуди фотографската опрема со сите додатоци.

Saturday, October 26, 2019

Почнаа изборно да си ги мерат.

Почнаа изборно да си ги мерат. По Мицковски во Прилеп си го мери Заев. Не е важно што изборите ке бидат по незнам колку месеци, изборите во МК почнаа ... Правилата не важат за големите (реклама/политичка кампања за избори само на избори) кои годишно си обезбедија доволно пари од буџетот за да ни го “загадуваат“ загорчуваат секојдневието со нивните изборни ветувања ...

Friday, September 20, 2019

Кабаст отпад и отпад воопшто

Погледнете ги околините покрај кои секојдневно поминувате, особено во приградските населби каде има празни простори, погледните ги околните речни корита - малите потоци, долови па и поголемите реки. Полно е насекаде со отпад, пластика кабаст отпад и отпад од мали градежни зафати. Не научивме како да се справуваме со отпадот. Во цела Македонија има само една санитарна депонија - ниедна општина не прифаќа санитарна депонија на своја територија. Затоа и имаме во неколку градови проблеми со диви депонии кои се најчесто палени (Струга, Тетово, Велес и други). Со пластичен отпад полни се сите излетнички места и нароно коритата на малите и големите реки. Проблемот не е само наш тој е светски проблем. Сите најразлично се справуваат со отпадот од пластика. Се најавува законска забрана за пластичниот отпад и особено пластичните кеси. Не потои дом во кој нема барем неколку кеси полни со пластични кеси ... Санитарниот отпад е посебен проблем, само Скопје има една печка за соборување на санитарен отпад, па и таа печка не е веќе соодветна и го загадува воздухот на скопјани. Се слуша за увоз на отпад од тешки метали па и радиоактивни и други опасни отпади кои трајно загадуваат (стари гуми од автомобили и камиони). Немаме уште ни еден доказ дека тоа се прави и покрај “силното“ истражувачко новинарство. Полни ни се контејнерите и околината со отпад од многуте санации и градежни зафати. Тука најверојатно фали организираност на помали локации каде секој кој гради ке го предава таквиот отпад за што би плаќал  соодветан надомест. Намето тоа имаме ноќно “ослободување“ на таков отпад во темни места каде никој не гледа. И за крај штое со кабастиот отпад со кој се полни нашите подруми па и становите. Тоа е намештајот и разните остарени и покварени електрични уреди (шпорети, фрижидери, компјутери и што ли уште не. Во цел цивилизиран свет таквиот отпад се остава на означени места во одредено време месечно или квартално. Таму најпрвин поминуваат луѓе кои се или посиромашни па го собираат стариот намештај како и старите електирични уреди кои не се сосема поварени. Она што ке остане градот организирано го собира и соодветно го третира таквиот отпад. Кај нас осем старо купујем како да не постои град и локална администрација која само одвреме инцидентно се справува со кабастиот отпад на соодветен начин. Од ѓубре на сите ни е преку глава. А многу градови со отпадот и ѓубрето знаат соодветно да се справат па дури и корист од сето тоа да извлечат. Видете го Сингапур кој со отпадот ги полни многуте процепи и така краде од морето и ја зголемува геогррафската површина ... Од главата и некултурата си патиме ... Во светот одамна е измислена топла вода само ние имаме проблем ...

Saturday, August 03, 2019

Tрујачи

Не така одамна имавме медиуми Јавни/државни и приватни. Трафиките беаполни со весници - тиражите беа мерило за успешност а ТВ каналите се такмичеа кој ке има повеќе гледаност. Секоја нова власт во државата се трудеше да владее со медиумите труејки не со вести кои они сакаа да се слушнат (така наречени лажни вести или вести завиткани со обланди и коментари од добро платените новинари) а забошотувајки ги оние нормалните вести. Така најпрвин умреа весниците и трафиките. Добро тоа е некако беше светски процес - во моментот кога електронските медиуми доживуваа подем. Потоа некаде со распадот на старата ЈУ држава се загушија ТВ станиците особено оние јавните. Стапија на сцена новинари кои во спрега со власта ја диктиираа медимската сцена. Ги отруја ТВ медиумите јавните па дури и приватните кои си имаат свои интереси и газди кои шуруваат секогаш со власта во распределбата на државните медиумски пари. Останаа интернет медиумите кои до пред десет години такореќи не ни постоеа осем некои блог заедници каде поединците со име и презиме и со својот лик стоеа позади своите пишувања. Со појавата на порталите кои најчесто се без импресиум почна  да се трујат и интернет медиумите. Дури и социјалните мрежи организирано се трујат преку финасирање на познатите ботови кои за сметка на своите нарачатели не трујат сите и секаде во интернет медиумскиот простор.

Tuesday, July 09, 2019

“Кленот“ Заев

Во топливе јулски денови ни најдоа нова забава. Ни го дадоа на тацна нашиот Премиер Заев кој како “клен“ лапнал трипати удица од еден ист преварант, кој за свој интерес и веројатно по нечија нарачка облетувал околу Заев и трипати успеал да го прелаже дека тој е Премиерот на Украина, Тоа се три телефонски разговори кој нашиот клен ги правел на мобилен телефон на платвормата WhatsApp. Кога некој еднаш ке ме прелаже тоа е скоро нормално, кога истиот ке ме прелаже вторпат значи дека со мене нешто не е во ред а ако успее третпат да ме прелаже тогаш јас самиот треба да се сметам дека со мене нешто не е во ред. Аматерот Заев со една леснотија разговара со таканаречениот Премиер на Украина за теми кои се меѓународно осетливи, спомнува детали кои се индискретни, праќа лични телефони од други политичари и како за посластица ветува дека е спремен да даде донација од 100.000 евра во кеш на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, за да тој по примерот со Украина ни ја признае црквата. Каков аматер, каква аматерска држава. Не случајно се вели во народната ако се играш со меч на крај од меч ке загинеш. Во случајот со Заев се прослави со објавување на тајно снимени разговори од минатата владина гарнитура. Многу е веројатно дека од тајни разговори кои допрва ке ги слушнеме Заев ке биде неупотреблив политички и брзо ке замине во историјата.

Sunday, July 07, 2019

Како да го “заебеш“ системот (државата)

Сите ние живееме во некаков државен систем во кој државата ги пишува и спроведува законите. Државните системи се во стална трансформација во зависност кој државен систем е доминантен - па имаме ситуација сите држави да стремат да го копираат системот кој е во доминантн светска улога и со својата моќ ги прилагодува системите во светските држави кои му се интересни (интересни свери). Е така ние во нашите простори историски гледано живееме во систем (држава) која стално се трансформира и пробува да се прилагоди на системот на некоја интерсна сфера која ни фрлила шепа на нашата територија и со тоа на сите наши животи.
Од секогаш оние паметните кои знаат како да го “заебат“ системот полесно поминуваат - бидејки некој им дошепнувал кажувајки им кој е моменталниот систем како да го заебеш системот и лесно да поминеш во животот кој е еден и единствен и неповторлив. На пример додека си дете и додека сеуште учиш се вклучуваш во некој систем, група на деца кои полесно си поминуваат бидејки некој им дошепнува како да поминат во школото без да се мачат и ги добиваат истите дипломи како и ти кој си се мачел за да ја заработиш дипломата. Сеедно што и после тоа кога ке треба да работиш дипломата не ти обезбедува да заработуваш према твоите способности туку се зависи дали ке имаш среќа да се качиш во некој воз кој со експресеа сила шиша напред или ке останеш со воз кој стои во место и дури се враќа назад.
Значи битно е да да знаеш као да го заебеш системот т.е. навреме да бидеш информиран на кој воз да се качиш и со среќниците да стигнеш до целта за да го преживееш единствениот живот во некаква среќа.
Кај нас дури ние самите не го ни пишуваме системот туку го препишуваме од земјите во чии клуб сакаме да влеземе. Но џабе, во добриот воз се качуваат само оние кои имаат привилегии да знааат во кој воз треба да се качат и кога. Кога времено да се симнат од него и да се качат во друг воз кој уште побрзо ке ги донесе во целта да го поминат што посреќно единствениот живот кој го имаме.
Сакате примери за сето ова кое нагоре го споменувам. Веројтно не сте толку непаметни да не ги гледате со свои очи примерите како некои луѓе го заобиколуваат системот и лесно се качуваат во соодветниот воз.
Но еве неколку примери само од последната историја на заебување на системот и тоа оние примери каде заебувњето е крупно и лесно видливо. Имено имаме период на транзиција од триесетина година кога нашата држава не е ни риба ни девојка, ја возат две партии Курто и Мурто и во исправниот воз се качуваат само одабраните нивни сораборници, роднини и пријатели а ние останатите сите стоиме во вагоните во место кои немааат шанса да мрднат напред бидејки стојат на место во кој нема ни пруга која би не поврзала до целните системи каде има некаков живот.
Оние кои ни беа капетани на бродовите во минатите системи на крај се извлекуваат од системот бидејки се договараат со оние за кого работеле да им платат се што треба само да ги остават да го доживееат својот сон, да проживеејат дел од животот во некој систем каде полесно се дише и има неква рамноправност, каде возовите одат и натаму и наваму.
Во нашиот систем имаме масовен екзодус на младите и способните кои ги праќаме во системите (државите) каде сметаме дека имаат повеќе шанса да фатат некој дел од единствениот живот кој го живееме и да поживеат посреќно него ние кои остануваме тука и се гушиме меѓусебе борејки се за она малку воздух што остана.

Tuesday, June 25, 2019

Заев - “дил ориентед“ (КУРТО го смени МУРТО)

Одавна се знаеше дека во Македонија Социалдемократијата ја предводат милионери од типот на Заев, Шекеринска и други. СДСМ веќе подолго време Социалдемократијата ја има само во своето име но не и во реалните програми на партијата кои се колнат во Социалдемократијата само како парола - но во стварноста СДСМ ја предводат милионери/милијардери од типот на Заев и Шекеринска. Со последниот предлог за промените во министерските места во кабинетот на Заев очито се гледа дека Заев ги избра милионерите (заштитниците на крупниот капитал) во својата влада од типот на Шекеринска и Анѓушев. Тој раскрсти со творецот на најновата програма на вистинската социоалдемократија во СДСМ Тевдовски, кој беше во тивка војна со Анѓушев. Со преземањето на министерството за финасии од Тевдовски Заев осигура дека преку парите ке ги командува сите крупни бизниси во Македонија кои секако се врзуваат со огромниот државен буџет. Го остави здравството на оспоруваниот Министер за здравство Венко Филишче кој заедно со Заев ке го турка ултра крупниот капитален проект за Универзитетскиот клинички центар и големиот буџет и бизни во зоната на лековите и се што е врзано со здравството. Заев со ваков потег ке оствари предуслови неговата бизнис фамилија ЗАЕВИ достојно да ја замени фамилијата на Груевски како најкрупен сопственик на се што е крупен бизнис во Македонија. Веројатно не е случајно што многу крупни бизнисмени кои се врзуваат со минатиот режим се на слобода и слободно си ги работат и шират бизнисите. Сега тие провизии плаѓаат/уплаќаат веројатно на други адреси. КУРТО го смени МУРТО.

Wednesday, May 22, 2019

Ѓубре

Од природата треба да учиме. Но во врска со ѓубрето ништо не сме научиле. Природата лесно се справува со своето “ѓубре“. Тоа со текот исчезнува и многу брзо природата ги преуредува просторите кои нападнати од природните сили прават лом во кој има и ѓубре.
Ние како единствено свесни и разумни створови на планетата земја немаме решение за ѓубрето што го стварме во текот на нашите животи. Најпрвин правиме технолошко ѓубре кое природата неможе брзо да го разложи и стануваме главци кривци на хаосот во природата. Ние го реметиме воздухот, ја реметиме водата и почвата до степен да тие три главни елементи  на животот се неподносливии - не произведуваат услови за живот.
За техноложкото ѓубре мора во наредните децении да се најде решение инаку тоа ке го уништи севкупниот живот на  планетата земја.
Инаку ние како луѓе ствараме вистински  хаус со предметите кои ги прибираме во текот на нашите животи. Ние ѓубрето што останува во нашите  “подруми“- немаме сила да се отарасиме од него. Да не зборувам дека ѓубре има се повеќе и во нашите мисли - каде секој секому сака да подвали, да го надитри.

Tuesday, May 07, 2019

Церемонијал Мајстори

Папската држава е најголем церемонијал мајстор. Тоа го докажува и сега во Скопје.

Monday, May 06, 2019

Манир на демократски некапацитет - Гладна кокошка просо сонува

Професор Сиљановска во првиот круг изгуби со 4000 гласа разлика. Не честиташе туку рече дека победила. Сиљановска во вториот круг изгуби со 60000 гласови разлика и повторо наместо да го признае поразот и да ја честита победата на противникот се обидуваше да се прогласи за победник. Во необично долгата тирада по поразот каде повторно правеше лапсуси си даде комплимент дека се подмладила и незнам што друго ...

Мицковски го користи истиот манир на демократски некапацитет и наместо да честита на победникот и во двата круга говори дека тој е победникот ако ова биле парламентарни избори. Да не заборавиме Мицковски изгуби трка не само во председателските избори туку и во двете трки за градоначелник во Охрид и Ново Село. И тука повторно се прогласи за морален победник. Гладна кокошка просо сонува вели народот.

Blog Archive

Site Meter