Search This Blog

Monday, June 18, 2012

Св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане

сл.1  Секогаш нешто топло ми се случува околу срцето кога ке го видам овој призор, местото на моите предци ... мирисот на тревата под старите багреми, ме подсетува на бројните книги прочитани во нивните сенки ... погледот према Црквица каде толку често сум ги одмарал очите од буквите на книгата ... газејки по тревата меѓу проредените спомен плочи газам по коските на моите предци ... седејки на топлиот камен од спомениците, седам на коските на некој од моите предци ... нешто чудно и мистично секојпат со сета те враќа на местото на твоето потекло и раѓање ... привилегија е да знаеш каде точно си се родил ... привилегија е да те препознаваат луѓето додека замислено шеташ по некоја од камените сокаци ... привилегија е да си го сакаш својот род и минато ... пиејки вода од прастарата чешма, го частиш својот желудник со истата вода која првпат во животот си ја пиел ... привилегија е сето сеќавање на детството поминато околу овие камења кои на други луѓе им значат само историја и уметност, додека на тебе ти значат дел од твојата лична меморија ... кога се сеќаваш како со љубопитство си се качувал на камбанеријата за да ги видиш малите пилци од бројните птици кои свиваат гнезда во тогаш напуштената камбанерија ... седејки тука се сеќаваш на игрите од твоето детство ... слушајки ги птиците го слушаш звукот и мелодијата на твоето детство ...

Sunday, June 17, 2012

Ден за перење ...


Недела е денот за перење во Македонија. Колку знам сите вообичаено перат во недела. Веројатно заради евтината струја а веројатно затоа што за перење треба време кое го немаме преку неделата.

Пчиња

сл.1  Каде да се побегне од вруќините во Македонија. Одговорот е прост таму каде има течна вода, таму каде доаѓа свежо ветерче од водата и планинските врвови кои носат свежина, пријатен воздух, мирис на природата и цвркут на птиците. Мир божји. Ако прашаш рибар тој недвосмислено ке се одлучи за горните текови на нашите бројни реки. Радика, Треска на пример. Во мојот слушај, предлог е Пчиња, бидејки ја познавам, бидејки од нејзините води сум задоен, таму ми е врзан папокот.

Saturday, June 16, 2012

Тиквешко

сл.1  Тиквешко езеро, омиленото езеро на рибарите, мене ми е омилено заради прекрасната фотографија која таму ја имам направено. Прекрасни зајдисонца и трансформација на светлоста во магичните моменти на трансформација на светлоста во периодот на зајдисонцето и потоа, се појачано со рефлекцијата на водата со сиот незин значај.

Friday, June 15, 2012

Да ти снема интернет


Утрово повторно лошо спиев, среде сон ме фати грч на едната нога, едвај станав, се видов препотен, значи мораше да се оди и под туш што значеше дека ке се расонам. На телевизијата се вртеше некоја реприза и реков нема друго, станување и почнување со ритуалот на денот малку порано. Гледам на сатот сум фатил пет часа сон, ми фалеа уште два за да се наспиам.  Убавото беше слушање на веселиот цвкут на птиците кои пораниле и веројатно се договараа кој каде ке оди и што ке работи. Искочив на терасата гледам зората почнува да пристига, сонцето само што не почнало да се раѓа. Некако не ми се фоткаше, сеуште ненаспан се осетив мрзовољен. Реков нема што, нема друго ајт на компјутер и на интернет. Имав во нотесот запишано неколку предлог текстови. Некаде при врвот беше текстот за инаетот, лутината, бесот, гневот, креацијата, ...

Беровско Езеро

сл.1  Беровско езеро е бисер на македонската природа. Изградено уште во трулиот социјлаизам, кога се направи беровската брана, пристапниот пат и бунгаловскиот почетен комплекс со спортски терени. Одсекојпат беше мета на спортистите за висински припреми кои немаат подобри услови за висински припреми во Македонија од овие. Ако е добро за спортистите уште подобро е за фамилијарен викенд и одмор, како во зима кога е богато со снег така и во лето кога е богато со мир, тишина преубав воздух и прекрасна природа ... Одмор за душа. Колку добро би дошла една пензионерска населба која би ги мамела пензионерите од Македонија па и од странство ... Сигурен сум дека и една медицинска населба би била убава, за оние луѓе на кои им е потребенн мир, тишина и мирис на природата, на борот да олабават од секојдневицата и да закрепнат за утрешницата ...

Thursday, June 14, 2012

ДОЈРАН ... Дојранско Езеро

сл.1  Дојран ја крие приказната за убавата Дојрана која како богиња на Дојранското езеро ги мами луѓето да дојдат и да одморат душа на бреговите на Дојранско езеро, под дебелите сенки на старите чинари. По спасот на Дојранското езеро од неговото еко умирање, Дојран полека го враќа сјајот и луѓето ... Некогаш Дојран беше познат по лековитоста на алгите, по бројните фабрички летовалишта, извиднички кампови, приколку и евтин работнички туризам.

Wednesday, June 13, 2012

Св.Богородица - Калишта, Струга

сл.1    Светоста на местото е вековна, монасите во некое далечно време стварале монашки келии во брдото и го живееле својт монашки живот подвизувајки се. Долго време овој комплекс беше попознат по хотелот. Во поновото време се е вратено на управување на црквата, изградени се две нови цркви. Од монашките келии е направена атракција за сликање, но сликањето не е дозволено!?. Црквата управува со овој имот со профит. Во склоп на овој имот е и блискиот хотел Бисер кој е сеуште финансиска мистерија ...

Tuesday, June 12, 2012

Свети Наум - Охрид

сл. 1  Свети Наум Охрид, свето место на вистинско место каде очите се полнат со езерската шир а душата прима невероватна енергија н самото место. Никој не останува рамнодушен кога ке го посети овој простор кој пружа и релативно евтин и удобен хотелски смештај ... Овој манастир е само еден од 365-те манастири и цркви во Охрид и околината - вистински Македонски православен ерусалим ...

Monday, June 11, 2012

Од идеја до целта

За разлика од другите животински видови на нашата зелена планета полна со живот, човекот има особено развиен разум и резон. Не дека останатите животински видови тоа го немаат, но тоа тие го прават инстиктивно не со разум и план. Човекот благодарејки на својот разум однапред си го планира животот. Се спрема за него образувајки се, го бира местото на живеење и местото на работа, го бира образованието кое највеќе му прилага на неговиот ментален склоп, го бира партнерот со кој ке оформи фамилија. Скоро се може да биде план и плански. Не дека мене особено тоа ми се допаѓа бидејки јас ги сакам случајностите кои се особено битни да те извадат од монотонијата на планскиот живот.

Blog Archive

Site Meter