Search This Blog

Friday, October 03, 2008

Како Вечер ги есапи кумановки ...

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/99D93420898B144796F4D181E28DFDD1.jpg
Вечер во денешниот напис (Кумановки куварици во Ирак и Авганистан) ги третира кумановчани и посебно кумановки - кои одат во Ирак, Авганистан и Џибути ... вели дека за работа во овие земји се заинтересирани и кумановки кои ... работат по 12 часа во кујна и заработуваат по 2.000 долари, што е релативно добра сума во споредба со заработувачката во Македонија. Години наназад кумановци се ангажираат преку иста фирма за да заминат во странство. Меѓу нив најбројни се младите на возраст до 22 години.
Написот е сосема во ред што се однесува во текстуалниот дел ... осем насловот - Кумановки куварици во Ирак и Авганистан, кој подкрепен со сликата на разголена домаќинка во судопер .. имплицира дека кумановки имаат сосема “друга работа“ во овие воени логори ...
За ваквиот однос на реномиран весник, кумановки преку соодветните женски здруженија треба да се побунат ... бедата и немањето работа во земјата ги тера сите да прифаќаат било каква работа во странство ... дури и во земји каде животот е во опаснст ... да подсетиме дваица кумановчани - не се вратија од Ирак ... а Вечер со својот напис т.е. со сликата имплицира дека кумановки имаат сосема други задолженија по воените логори ...

Слобода на медиумите ...

И птичките знаат (од авион се гледа ...), дека во Македонија немаме собода на медиумите ... поради зависноста од рекламите кои Владата издашно ги двои од нашите буџетски пари ... сопствениците на медиумите ги усмеруваат Главните уредници за што смејат да пишуваат а за што не ... имавме дури и отпуштање на Главен уредник поради негов став кој е јасно на линија против политиката на Владата ...

читај повеќе »

Ваква појава е приметена и во ЕУ ... ЕУ за да ја потикне слободата на медиумите, прави директива во која им дава право на Главните уредници да можат да бидат независни од сопствениците на медиумите ... како тоа се прави ... т.е. како изгледа директивата ке треба да истражам и да најдам некој линк ... за ова само бегло прочитав пред некој ден без да го запаметам или сочувам линкот ...

Дали конечно и кај нас ке видиме Закон или Уредба на Владата каде се гарантира слободата на медиумите ... Владата, дури и преку некои изјави на Премиерот се спротивставува на слободата за известување на неко медиуми, особено некои новинари, кои се обвинуваат дека работат за странски цели и особено за лукративни цели ... тука секако се споменуваат и партијските интереси и обоеност на новинарите ...

Вистински слободен медиум останува сега за сега интернетот, во кој секако доминира блогот (да не ги заборавам и форумите ...), каде секој за себе си е уредник ... Земете го ако сакате и случајот на Ванковска (и се извинувам што тука ја споменувам ...) која дури по отварањето на својот блог се осеќа сигурна дека тоа што ке го напише во блогот нема да биде цензуриано ... или извадено од контекст на нејзината изјава ...

Прашање е до кога ке ја имаме таа привилегија слободно да пишуваме на интернет и на блоговите ... кај нас сеуште немаме случај некој да е суден заради неговото пишување на интернет ... но такви судења имаше во некои соседни земји, Хрватска на пример ... но затоа имаме секојдневни анонимни закани према одредени луѓе кои прават вакви или онакви записи ...

Нас сеуште не спасува тоа што - интернет медиумите и блоговите не се читани во масовен обем за да влијаат на јавното мнение ... можеби ова е и главната причина зошто меинстрим весниците ја немаат практиката како повеќето светски меинстрим електонски изданија да линкуваа и цитираат одделни блогови ... оној момент кога ке настане пресвртница - интернет медиумите т.е. блоговите да бидат порелевантни, верувам дека власта ке посегне по слободата на изразувањето во интернет медиумите ... ако се казнува за тоа што некој плука по улица ... сигурен сум дека ке се измислат казни и за ваквите “јавни престапи“ ... Плукањето го спомнувам не заради тоа што се противам на таа казна туку само како асоцијација на плукањето по медиумите ... кое верувам и смеќава на било која власт ...

- Блогот и меинстрим медиумите (весниците) - во светот и кај нас ...

Thursday, October 02, 2008

Се навестуваат брзи предвремени парламентарни избори во Грција ... Спорот за името и изборите во Грција ...

Имато Македонија т.е. решавањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија - во врска со нашето име ... беше една од главните теми на последните предвремени парламентарни избори во Македонија ... изборите уверливо ги доби партијата која цврсто застана во одбрана на нашето име ...

читај повеќе »

Сите информации говорат дека во Грција е можно брзо распишување на предвремени парламентарни избори ... Како што се навестува некакво приближување на некакво решение на спорот - така владеачката партија во Грција бега ... го одложува проблемот со предвремени избори ...

Верувам дека и во Грција власта ке ја добие партијата која тврдо ке састане на својот став ... а тоа е дека Македонија со користењето на името јасно изреазува територијални претензии ... претендирајки и на право на историјата на античка Македонија ...

Ако и таму како и кај нас се угради референдум за ова прашање - до спогодбено решение тешко дека некојпат ке дојде ...

Криза во МК металургија ... ке има ли последици по МК економија од крахот на светските берзи ...

Најголемите МК извозниц - МК челичани и Фени праќаат голем број на работници на принуден одмор ... Челичаните се погодени од новата регулатива на ЕУ - со која се предвидува строги критериуми при производството во Металургијата ... а Фени го погодува огромниот пад на цената на фероникелот на светските берзи ... и едните и другите секако се погодени и од високиот раст на цените на електричната енергија ...

читај повеќе »

Ако ова се поврзе со огромниот дефицит кој донекаде се ублажува со извозот на производите од МК металургија - тогаш е јасно зошто овие компании бараат помош од државата ... во однос на некакви олеснувања во даночната политика или евентуално стимулацијата на извозот ...

Владата тврди дека МК економија нема да ја погоди потресот на берзите во САД и светот ... други пак велат дека тоа не е можно, најмалку затоа што целиот износ од МК девизни резерви е вложен во странските банки кои пак можат да бидат погодени од крахот на берзите ...

Како и да е - ова не е добра вест за МК економија ... а од плата нели сите живееме ...

Студентите читаат блогови ...

Од неколкугодишното пратење на сајтметар статистиката за посетеноста на мојот блог и воопшто за посетеноста на вкупната блогосфера - дојдов до заклучок дека посетеноста на блогосферата се зголемува за најмалку 20 проценти со поечокот на ученичката година ... и со нови 30 проценти со почетокот на студентската година ...

читај повеќе »

Денеска започна новата студијска година ... да видиме дали ке се потврди правилото ...

Има и друга тенденција ... Сабота, Недела и празник се намалува посетеноста на блогосферата најмалку за 30 проценти ... тоа потврдува дека 30 проценти од посетителите на блогот се вработени - кои дома немаат интернет ... или едноставно одмараат во викендите ... света недела ...

Не само читателите и оние кои пишуваат блогови се јасно поделени на млади, средношколци, студенти ... мал број на вработени ... луѓе кои поради природата на нивната работа блогот го користат како одмор, рекреација, празнење ... средната генерација дели многу мал процент ... пензионери, се разбира има најмалку на интернет ... тоа е заради техничката бариера која на пензионерите не им дозволува да користат компјутер и интернет ...

Во сезоната на долгиот учичишен и студентски распуст - посетеноста на блоговите видно опаѓа ...

Се разбира, во сите правила има исклучоци ...

На секои пет минути - некој полицаец во земјава казнува по еден граѓанин што не се грижи за животната средина ...

Од 22 септември парично се казнети 2.886 граѓани, а 830 се испратени на општокорисна работа ... ке се зачисти ли Македонија ... или пак како и досега ке се задуши “чистачот“ од преголемиот број на граѓани кои ги качи овој закон ... кој ке ја спроведува принудата ... сами луѓето сигурно не ке одат на општо-корисната работа ...

Wednesday, October 01, 2008

Преименување ... машина за применување ... The Renaming Machine - Skopje 29-30.09 ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje0Large.jpg?t=1222885978

Сношти во Културниот центар точка се одржа последниот ден од конференцијата со тематика за Преименувањето ... т.е. таканаречената машина за преименување ... The Renaming Machine - Skopje 29-30.09 ... сето ова е дел од проект кој го водеше Др. Сузана Милевска ... веројатно за да појасни некои процеси на Преименување кои нам ни се случуваат во последните 15 години ... за што говори и првата слика од постот која ја направи Центарот за нови Медиуми ...

читај повеќе »

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje1Large.jpg?t=1222886166

Учесниците од првиот дел на Конференцијата која е од меѓународен карактер, со гости од Бугарија, Словенија, Романија ... се одржуваше на англиски јазик ... за мене најзначаена беше опаската на Жарко Трајановски дека: ако нас не обвинуваат дека сме го “окупирале“ именувањето со Македонија и Македонци ... тогаш тоа го прави и ЕУ - окупирајки го терминот “Европа“ во кој не се вклучени сите географски делови на Европа ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje3Large.jpg?t=1222887311

И за првиот и за вториот дел имаше заволителен број на публика ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje4Large.jpg?t=1222887604

За нас блогерите поинтересен беше вториот дел од Конференцијата во која блогерите зборуваа за преименувањето ... Фемгерила го отвори овој дел, го истакна и своето одлично познавање на англискиот ... Рече дека како составен дел на проектот вклучени се неколку блогери кои дадоа свои мислења за темата на свои постови:

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje5Large.jpg?t=1222888887
и во вториот дел имаше публика, но овојпат првите редови беа резервирани за блогерите ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje6Large.jpg?t=1222888976
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje7Large.jpg?t=1222889032
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/preimenuvanje8Large.jpg?t=1222889092
на крај по закуската, блогерите завршија - на уште по едно пиво во клубот на новинарите ... малку симболика ... :)

Продажбата на велешка топилница поништена ... во судски процес ...

Во судски процес - поништена е приватизацијата на велешката топилница каде се избра партнер со 40 % помала понуда самно заради помала гаранција од 100 евра ... очито е дека ова ке ги зарадува велешките екологисти ...

читај повеќе »
  • Тендерот се водел со многу неправилности, стои во решението на повисокиот суд.
  • Решението доаѓа откако пред повеќе од три месеци турски „Јалим“ се жалеше за неправилности во текот на продажбата. Оваа компанија беше дисквалификувана оти им фалеле 100 евра во депозитот од 1 милион за да можат да учествуваат на тендерот.
  • Турците, кои понудија да ја исечат топилницата и на нејзино место да градат трговски центри, најавија дека доколку има нов тендер, повторно ќе се обидат да купат фабриката.

Костовски само планира ... градбата тешко му оди ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/C904298A10E26A42A3E2376784BFFDCA.jpg

Одкако дојде на функцијата Градоначалник, Костовски најави многу планови - но реализацијата тешко му одеше ... ништо што е покрупна инвестиција за градот не ја почна и заврши во својот мандат ...

читај повеќе »

  • Вистина, бргу по по почетокот на својот мандат го пушти во употреба мостот кај железничка станица ... но проектот беше започнат од Пенов .. Костовски тука само ловориките ги собра ...
  • Булевар Словенечка е изграден во ерата на Костовски - но и овој проект го почнаа градоначалникот пред него ... вистина тука малку повеќе се потруди ...
  • Еве еден обичен надвозник кај Континетал не може да биде изграден за мандат од четири години ...
  • Иако Пенов ја почна спорската сала Борис Трајковски - Костовски немаше сили да ја заврши и а одстапи на Владата ...
  • Испланира транвај ... но пари бара од ЕУ фондовите ...
  • Градскиот превоз е лош ... нема нови автобуси ...
  • Такси превозот никако да влегне во некаква регулатива која ке се почитува од сите ...
  • Крупните зафати по улиците каснат ...
  • Ветуваше уредувањето на кејот на Вардар во функција на враќање на живоотот на Вардар ... враќање на градските плажи на Вардар ... сега по привршувањето на неговата донација црквата „Пресвета Богородица“... планира со пари на градот да го уреди просторот пред црквата, каде предвидува мал паркинг ... но ке гради нов плоштад ... Новиот плоштад ќе се поврзе со кејот на Вардар со скалила, со што ќе се создаде единствено место каде што скопјани ќе можат да го поминуваат слободното време. Проектот е завршен, а за реализацијата се чека ребаланс на буџетот. ... потегот од Камениот мост до зградата на МАНУ да биде уреден со плажи, кафулиња, фонтани и скалила кон реката. На кејот ќе има и клупи, зеленило и пешачки патеки кои ќе ги привлечат скопјани кон реката.
Плажи пред црква - дали се вистинско и соодветно решение ... башка тука никојпат немало плажи ...

Чиво е “детето“ Македонија ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/1A1936357198DF42A94B97FED057AF88.jpg

Претседателот и Премиерот во врска со спорот за името се однесуваат како родители кои се во процес на развод ... кога такви родители класниот ке ги повика, тие еден со друг си префрлаат: оди ти, ти си таткото ... а другиот вели: оди ти, ти си му мајка - ти најдобро знаеш како со него ...

читај повеќе »

Така и нашиот Претседател и Премиер се однесуваат пред “класниот раководител“ Нимиц ... очигледна е кавгата и разединувањето како да се реши спорот ...

Претседателот веќе подолго време стои на ставот дека треба да се попушти во името со некоја географска одредница, но тврдо да се застане во одбрана на идентитетот “македонски“ и националноста „македонска“ - без никакви додавки ...

Премиерот досега лично не се изјаснил до каде е неговата црвена линија ... тој се држи на позицијата дека за ова треба да одлучи народот на референдум ... готви план „Б“ - развој без НАТО и ЕУ ... деталите сеуште не ни ги кажал ...

Од друга страна кај народот расте скептицизмот и во однос на НАТО и во однос на ЕУ ... Македонија е надвор од интегративните процеси ... стои на помошен перон во предворјето на НАТО и ЕУ ...

Blog Archive

Site Meter