Утрово нешто пред шест ме пробудија првите коледарчиња ... мали и малку поголеми ...
Коледарските огнови само што згаснаа ...
Еве ја првата група коледарчиња ... како гледам некоји мајки или баби се потрудиле да стокмат од оние специјалните коледарски торбички ... сега не се од стари материјали - ткаени и везени ... но важно се потрудиле ...
Секоја домаќинка посебно се спрема за коледарските поклони ... вака се спреми мојата ... Ги пречека првите неколку групи и потоа ме остави мене оваа година за првпат да делам коледарски поклони ... имено се погоди недела и таа (домаќинката ми ) замина на неделната литургија во соборниот храм ...
Втората група коледарќиња беа циганчиња ... ромчиња де ... Како што се гледа од кесите Македонците рамноправно ги даруваат и циранчињата кои оваа година беа трипати побројни ... и погласни ...
Група девојчиња ... коледарки ...
Уште една група циганчиња ... колку само се радуваат ...
Овие дечиња специјално ме радуваат секоја година - кога ке ми се појават на вратата ...
Уште една група на коледарчиња ... предвесниците на доаѓањето на божиќ ...
По напорната работа - право кај дедо и баба ... или можеби дома ? ...