Search This Blog

Thursday, January 03, 2008

Снежна идила ... фамилијарна ...

Искористите го снегот и убавиот воздух ... излезете во блискиот парк - ако веќе не сте појдени во некој од преубавите снежни туристички места ... Потребна Ви е само малку желба ... Ке ги наполните образите со црвенило, а срцата со топлина ...

Idila 1 (Large).jpg

Еве како една млада фамилија го искористи моментот и си приреди вистинска снежна идила - во непосредна близина на нивниот дом ...
Idila 2 (Large).jpg
Уживаа во снежната идила ... Јана особено, тоа е малото довоче со црвени обравчиња ... уживаа и нејзините родители ... уживаши и братучедот ...

Zimska idila 3 (Large).jpg

Кој ке рече дека е ова парк во Ново Лисиче ... кој потонал во вистинска снежна идила ...

Како први така други ...

Ке ви прикаѓам тука уште една група на деца кои ја играа играта од моето детство ... Лизгалица и како први така други ...

Kako prvi 1 (Large).jpg

Ме чудеше само зошто нема девојчиња во ова друштво ...

Kako prvi 2 seirdzii (Large).jpg
Имаше и сеиирџии ...
Kako prvi 3 (Large).jpg
Сепак играда победи ...

Новогодишна честитка за Трифун ... (Урбана блог герила - Зомбификација) ...

Вчера беше прекрасен ден за шетање низ парк.

Чисто, бело, не толку студено - воздух за мерак.

Ама, во Скопје секогаш ќе се најде нешто за да ти го скрши меракот.

Некаде после 14.00, ја здогледав колата оддалеку и ја „штракнав“ со намера да ја пријавам во обезбедувањето на паркот. Последно нешто што го посакував е некој да ме труе со издувни гасови додека дишам со полна плуќа во природа.

Кога, колата застанува пред мене, еден батка отвора вратата и дрско, без „добар ден“, прашува:

„Што сликаш бе?“

- „Го сликам паркот“ - одлучно му одговарам, сеирџиски чекајќи да видам што ќе се случи.

Во истиот момент забележувам дека човекот е во униформа, на која пишува „обезбедување на град Скопје“ (или нешто слично).

Типот ја затвори вратата, и без „извинете“, без „пријатно“, без какво и да е објаснување зошто ме запрел продолжи да вози низ паркот труејќи ги излезените Скопјани.

Останав да се прашувам: Како ќе реагираше ако во истиот момент го пријавев, и тоа кај него, исполнувајќи ја мојата граѓанска должност?

Пред да си замине, му ги фотографирав и табличките. За секој случај.

Којзнае, можеби некој совесен службеник од Град Скопје го чита блогов, па ќе ми го побара бројот на табличките за да го казни несовесниот возач, кој веројатно е дел и од обезбедувањето на паркот.

На излегување од паркот, успеав да фатам уште еден автомобил.

Некои службеници земаат плата за да не се случуваат вакви работи и за да можат Скопјани да уживаат во паркот.

Постот е преземен од Жаре Зомбификација , како резултат на еден договор кој го имавме со него а го образлижив тука ...

Да подсетам на иницијативата се приклучија и

- Drugstore ... tunic ...
- Е многу се нервирам кога ... bolvicka ...

Влада - отворена седница ... Груевски пи-ар ...

Ете и тоа бидна. Нова забава за народот (по седниците на Парламентот ...). Видовме како работи Владата ни - во едно редовно заседание ... Незнам кога почна со работа седницата но јас ја одгледав работата во касните сати до полноќ ... добар саат ипол ... Женами само искоментира “е па овие цел ден работат“ ... Значи одгледав неколку последни точки од дневниот ред 150 ли беа колку ли беа ... и присуствував на точката - разно порано ја викавме, сега беше именувана со помодерно име (пак не ми текнува ...). Е тука премиерот почна унакрсно да ги прашува Министрите кој проект до каде е ... очито сака да биде запознат со детали до ситници ... стално инсистираше на кратки рокови ... Некои од Министрите добро се снаоѓаа во одговорите (Селмани, Славевски и Министерката за полиција особено ...) ... Се обрука некој од замениците во Министерството за Култура ... на повеќето од точките неспремно одговараше ...

Од Министрите не ги видов оние за странски инвестиции (веројатно се растрчани да бараат инвеститори ...) и министрите Албанци ... на нивни места беа замениците или некои други ...

Како и да е Груевски продолжува со својот начин на Пи-ар представување дека упорно работи за доброто на Македонија ... Верувам дека тој ден многу од мажите во Македонија ја одгледаа седницата ...

Ме чудеше само што улога имаа компјутерите упрчени пред Премиерот и Министрите - кога покрај нив имаше купишта од хартии ... и сите гледаа во материјалите од хартија ... Во ерата на дигитализација на се и сешто од образование до тендери ке мора и Владата со Министрите на чело да одат на курсеви за употреба на компјутерите, кои сега стојат пред нив само како декор ...

- ГРУЕВСКИ - работи на својот рејтинг
- Груевски ... Пи-ар ... стомакот ке одлучува ...
- Блогот на Никола Груевски
- Владата на Груевски признава дека може и да згреши ...
- ТЕВТЕРОТ НА ГРУЕВСКИ vs. е-ВЛАДА

Image0519-1949(A1)[2].jpg

Image0519-1949(A1)[6].jpg

Image0519-1951(A1).jpg

Wednesday, January 02, 2008

Снег ... снееееееееег ... Радост и лудории ...

Ние постарите го сакаме снегот само додека го гледаме низ нашите прозорци ... штом излеземе од прагот на нашата куќа веднаш ги забораваме убавите спомени од детството и лудориите со снегот ... Но затоа се тука сегашните деца да ни покажат како сегашната генерација на деца се радува на снежните лудории ... Во малата прошетка низ населбата наидов на многу групи на дечиња кои низ игрите со снегот се радуваа сега ... Ludorii 1 (Large).jpg

Еве една група на деца кои знаеа да му се израдуваат на снегот ...

Ludorii 2 (Large).jpg
Еве друга група на деца со својот начин на радување во среджните игри ...

Кога бев дете и ке видев дека паѓа снег од оној крупниот ... лапавица де ... Ке истрчев на улица и онака ке ги ловев снегулките со устата и со раширени раце се вртев во круг ...

Сакав да легнам на површина каде има доволно снег за да ми се оцрта телото - пак со раширени раце ...

Сакав да се “потпишам“ во снегот ... онака мочајки ... ние машките нели ја имаме та привилегија тоа да го можеме ...

Го сакав “грудвањето“ - незнам МК израз за мавање со топки снег ... Знаеше некој и со плачење да отиде дома ... Особено опасно е кога топката се прави од влажен снег ...

Го сакав санкањето ... никојпат не научив да скијам ... а тој спот беше и бајаги скап и не беше за мојот стандард ...

Ке направевме сличуги самоделски од парче дрво обложено со лим од палети ... ке се фатевме за градските автобуси и ке се држевме до наредната автобуска ...

Имам направено и самоделски санки за во село ... каде имавме едно идеално брдо за санкање ... Стазата беше скоро две стотини метри ...

Правевме сами или помагавме на постарите да се направи некој џиновски дедо мраз - со тенџере на глава, морков во носот, метла наместо рака, ќумурчиња наместо копчиња ...

Правевме лизгалици ... навечер кога ке се скамени времето ке донесевме вода и ке го посипевме идеалното место за лизгалица ... Утредента ке се утабуваше патеката ... и лизгање до бескрај и назад ... Знаеме да ги замаскитраме лизгалиците и стрпливо да чекаме некој да се фати во замката за да ги исправи ногите во воздух ... а ние скришно се кикотевме ...

Омилено лизгање ни беше таканареченото “Како први - така други“ ... Имено намерно ке паднеш ... за да паѓаат и другите ...

Пинч ...

Кој за што јас оваа Нова Година ја почнав со кучиња ... Незнам кој знак е во кинескиот календар ... ама во мојот - кучето еве доминира во оваа Нова Година ...

Pinc (Large).JPG

Пинч ... кого госпоѓава се труди да го загрее ...

Откога Игор Џамбазов го популаризира овој вид на кутриња - имам представа дека ги има уште повеќе ...

ОКТА доби новогодишно пакетче од МК народ ... 40 милиони долари ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/84A2592BB82493469D494B22ACC403FE.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

На последниот работен ден во старата година ОКТА си доби пакетче од 40 млиони долари ... како резултат на одличната зделка на бившиот Премиер на РМ - Господинот Георгиевски ... најголемата странска инвестиција како што милува да каже Георгиевски ... Да не заборавиме дека е ова второ пакетче каде МК граѓанин од буџетски пари плаќа пенали ... каде „Џет оил Мамидакис“ лапна пари од МК заради одкажувањето на договорот со него ...

Па народе македонски навистина ли си многу богат - кога можеш да си дозволиш неказнето да делиш вакви милионски пакети ... Луѓето заслужни за ова - сеуште примаат плата од МК државен буџет и слободно се шетаат ... и прашуваат ако сум крив зошто не ме уапсите ?

- Штетни договори и уште поштетно нивно непочитување ...
- Љубчо Георгиевски доби Кривична пријава за случајот “Окта“ ...
- Бивш Премиер на РМ прашува - А зошто не ме уапсивте?
- Штетните договори за Странските Инвестиции

Груевски ... Пи-ар ... стомакот ке одлучува ...

Можеби и во други години имало обраќање на Премиерот - до граѓаните пред Нова година, но јас не ги паметам ... Груевски ни се обрати да ни соопшти - на што да се надеваме во Новата година (нашиот висинси “ДедоМраз“...)... ни посака здравје радост и среќа ... Излезе во ноќта пред Владата на ладно време - само во сако ... (само глумиците снимаат спотови на ладно време, со голи пупаци ...). Ни го покажаа одоздола со купот МК знамиња во позадина. Читаше или го имаше научено текстот напамет сеедно ... Но течно го соопшти она што сакаше да го каже ... Имаше пи-ар обраќање до јавноста ...

Груевски постави нов стандард за пи-ар работење ... имаше бројни кампањи, од која секоја према неговото кажување кошташе неколку стоина иљади евра (не е битна бројката ...). Битно е дека тој се обраќаше на народот (често знаеше да ја собере цела Влада да му биде декор во позадина ...), за да соопшти што одработел или што планира да одработи, кон што се стреми, да соопшти важна одлука ... Од ова профитираа медиумите ... Опозицијата го обвини Груевски дека со ваков начин на трошење на државни пари од даночните обврзници - само се прави “простор“ медиумите да пишуваат подобро за работењето на Владата ... т.е. дека медиумите станваат зависни од Владата и со тоа се подкупени ... Сето ова беше видено и од старата Влада ... нијанси ги делат ... “Фабика“ 1 и 2 би рекол ...

Како и да е, Груевски нема да го добие наредниот мандат ако не покаже резултати во економиата во две полиња - во полето на странските инвестиции и особено во полето на зголемувањето на вработеноста ... Третото е зголемувањето на општиот сдтандард и намалувањето на сиромаштијата ... Зачувувањето на мирот се подразбира ...

Заврши периодот на националното докажување кој е поголем Македонец или Албанец ... Доаѓа времето кога народот ке одлучува дали се исполнети економските ветувања (стомакот ке одлучува ...)... намалување на корупцијата и департизацијата на државната администрација ... Истото ова го бара и ЕУ и НАТО ... како стандарди кои ни ги поставуваат.

Tuesday, January 01, 2008

Бубата на Зорив ...

Зорив носталгично ни соопшти дека таму некаде во 1975 година имал Буба SK-163-35 ...

Сликата “http://img516.imageshack.us/img516/7606/capturewiz044oq5.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Онака ко од разгледница ... пречиста ... средена како и самиот Зорив ...

Bubata na Zoriv.JPG

Денеска малку истражував по населбата ... и се чини ја пронајдов бубата на Зорив ... Сега заради незнам кои причини оваа буба е без раткапни ... а новиот сопственик ја префарбал малку ...

Зимска Идила ...

Како што посакав пред некој ден, новогодишните и божиќните празници да ни подарат една зимска идила ... снееееееееееееег ... тоа и се случи ... Пред некој ден имавме краткотрајна лапавица ...

PC260166 (Large).JPG

Утрово како и што предвидуваа метролозите господ ни ја подари зимската идила ...

Zimska idila 1 (Large).jpg

Зимската идила од мојата тераса ... гледана окака по пиџами додека сеуште одекнуваа звуците на виенскиот концерт ...

Zimska idila 2 (Large).jpg

Зимска идила во блискиот парк ...

Zimska idila 3 (Large).jpg

Уште еден колаж од зимската идила од блискиот парк ...

Zimska idila 4 (Large).jpg
Лулашките и клупите на зимски одмор ... :)

Воколку сакате да ги гледате фотките во зголемен формат кликнете на сликата со десен клик и потоа одберете ја првата опција ...

Blog Archive

Site Meter