Search This Blog

Saturday, September 15, 2007

Бивш Премиер на РМ прашува - А зошто не ме уапсивте?

Бивш премиер склучил договор со странска државна компанија, што е против Уставот. Поради тој противуставен договор државата мора да плати отштета од многу милиони долари.
Има ли уште мистерија околу "Окта"? Има. Зошто бившиот премиер уште не е на суд?
Е тоа е мистерија и за Љубчо Георгиевски. На сета беља доаѓа во ТВ-емисија, на сите им соли памет и уште прашува: А зошто не ме уапсивте?

Навистина зошто ??

Wednesday, September 12, 2007

Коста Трпковски во аут ... АЕК ...

За АЕК и Коста Трпковски (сега веќе екс директорот на АЕК) пишував повеќе пати ...
- АЕК повторно спие ... 12 Април, 2006
- Фуере за Монополот на МТ ... 28 Април, 2006
- Сега само се чека да проработи пазарот на Телекомуникациите во МК ... 16 Мај, 2006
- Мимикријата на МТ ... 27 Јуни, 2006
- АЕК се пробуди ... 28 Јули, 2006
- AEK ... 19 Септември, 2006
- AEK - го минира развојот на интернет комуникациите ... 1 Декември, 2006
- Информациското општество и новата Влада ... 10 Декември, 2006
- АЕК vs. ТЕЛЕКОМ ... 14 Декември, 2006
- АЕК сепак ќе биде сменета ... 8 Декември, 2006
- АЕК - скап украс ... 27 Декември, 2006
- ГОЛЕМАТА СЕСТРА – не надгледува ... 21 Април, 2007
- ВЛАДАТА - решила да се справи со своеволието на МТ ... 26 Април, 2007
- ИНТЕРНЕТ - Кога ќе имаме поевтин и подостапен ? ... 15 Јуни, 2007

Коста Трпковски како да работеше во полза и интерес на МТ ... Или тој знае нешто повеќе од нас ... или ... Владата реши уште на почеток да го смени но по силниот притисок од ЕУ во полза на независноста на регулаторното тело Трпковски куртули ... Владата се одлучи да измени закон за да може да го смени ... Сега можеме да очекуваме серија кривични пријави ... во мода се ...

Saturday, September 08, 2007

Реорганизација ...

Утринава гледав еден стар филм од пред 40-тина години ... Учествуваа легендите на филмската ЈУ сцена ... Мија Алексиќ (Цуле ...) ... Миодраг Петровић - Чкаља ... Ѓуза Стоиљковиќ ... Павле Вуисиќ ... Повеќето од глумците се легенди кои не се веќе меѓу живите ...

Во филмот кој е снимен во далеките шеесети - се работи за една државна и една приватна фирма ... кафеана ... Се смени управителот и веднаш почна да прави “РЕОРГАНИЗАЦИЈА“ ... која се состоеше од вртење на истите маси во круг ... прераспоредување на оние кои му се умилкуваа на шефот ... од шофери во шефови за набавка ... од чистачки во секретарки ... од келнери во шефови на смени ...

Ме подсети филмот дека ние од педесетите навака сме стално во некоја “реорганизација“ ... само различно се вика тоа ... се менува дури и Уставот ... демек нечинел ... Една Америка има устов кој не е променет 200 години ... Сега дури и ЕУ прво сака да не реорганизира па да не прими во нивно друштво ...

Судбината ни се вика “реорганизација“ ... колку човечки судбини се упропастени во овие реорганизации ... колку системи кои работеа успешно се упропастени во таканаречени реорганизации ...

- Reorganizacija ...

Најпозитивен извештај од ЕК !!

Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски - очекува најпозитивен извештај од ЕК ... особено за постигнатото во економската сфера, борбата против корупцијата, организираниот криминал.

Уште едно тапшање по рамо од ЕУ за Македонија ... или има нешто поконкретно ... ??

Тепачка за дечко ... ??!

Се почести се тепачките меѓу младите МК девојчиња - кои се однесуваат на нивните бивши или сегашни дечковци ... Девојчињата сега се тие кои го водат орото ...

Едновреме - во мое време ова беше незамисливо ... навистина имало по некое кубење за коси - но тепачки и полиција немаше ... Дали денешните машки се помлитави од некогашните или влегуваме во еуфорично амазонско расположение на нашата женска популација ...

Wednesday, September 05, 2007

Опозициони плачковци, кодоши, тужибаби, кочничари ... !!

Во Македонија по традицијата опозицијата има навика да плаче ... да кодоши ... да кочи ...

Додека ВМРО беше опозиција подплачуваше - ги кочеше процесите ... Но сегашнава опозиција на чело со ДУИ и СДСМ се покажаа вистински плачковци ... и кодоши ... А нешто не им е по кејф плачат ... кодошат и тужакаат кај меѓународниот фактор ... по медиумите ... во стилот како кога некој на разгаленото дете ке му ја земе играчката на улица а тој одма оди кај таткому или сеедно чичкому ... вујкому ... и плачеки со слинав нос вика .... еееееееееее ми, ми, мимиииии ја зема играчката ...

А процесите стојат во место ... од вакви плачковски работи - губи Македонецот и Македонија ...

У мое мало никој не ги сакаше тужи-бабите и плачковците ... а кодошите беа доживотно жигосувани - како “тастери“ никој рецка не им удираше ... беа отфрлани од сите ...

Немам право да советувам две големи партии во Македонија - кои моментално највеќе плачат и тужакаат ... но ...

ДУИ ги разбирам и им се дивам ... добро инструирани ја тераат варијантата која ја играат упорно веќе 70 години ... Но СДСМ не ги разбирам ... премногу е мала Македонија за да трпи такви кочниони процеси ... тие кочејки го ВМРО - се кочат и себеси ... нека турат прст на чело - кој добива од ваква нивна политика ...

Трансформација на МРТВ ... отпуштања ...

Значи ке се одпуштат 700 сегашни вработени ... Дали е ова само пробен балон за да се види како ке реагира јавноста ... По разградувањето на Нова Македонија како јавен сервис со историско значение за Македонија ... разградувањето на МРТВ е истотака опасност да се разнебити историската база на фоно и фото документација за македонската историја ... од значение дури и за македонскиот национален идентитет ... Снимките и фоно документацијата се непроценливо богатство ...

- МРТВ ...
- МРТВ се гледа ли крајот? ...
- МРТВ - претплата ...
- БЛОГ и САЈТ на МРТ ...

Tuesday, September 04, 2007

Трансформацијата на Клинички центар ... ???

Вечита е борбата меѓу централизација и децентрализација ... Што е подобро ?? Па така и со Клиничкиот центар ...

Се ми се чини дека се прават реформи само за да се расчисти со партискиот кадар од предходната партија ... и да се удомат на моќни места луѓе од владеачката партија ...

До кога ??

- ООЗТ - тизација на Клинички
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ... 6 Април, 2007
- МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија ... 31
Март, 2007
- Операција во гаќи ... 16 Јуни, 2006

Sunday, September 02, 2007

37 - Црвени рози за вас “.....“

Мојот професор по Историја Томислав Маниќ - испеја една многу убава песна “Црвени рози за вас мадам ...“ ... и секојпат кога ке видам многу рози ми асоцира на поклон за некоја дама ...

Но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не мислат така ... тие собрале доброволен прилог и купиле 37 црвени рози и како икебана му ги предале розите - на својот Председател, за да му го честитаат 37 роденден ...

Што ли ке му купат кога наскоро - за два три месеци ке се породи ... се надевам среќно и здраво, младата премиерка Госпоѓа Груевска ... која е во блажена состојба повеќе месеци ...

МК - Амбасадорски резил ... тепачки

Во 2002 година ни се случи резил во Виена - кога амбасадорот на ОБСЕ во Виена Александар Тричковски, бил претепан од шоферот во мисијата Владо Сарафов ... (знае некој како заврши скандалот ... ??)

И оваа година се повторува сличен резил ... овојпат МК Амбасадорката во Хаг изела ќотек од вработениот во амбасадата М.Г. - кој се изнервирал и физички ја нападнал абасадорката Добрила Тасковска ... предходно расправајки се за гарантнте писма што требал да ги добие од неа ...

Многу големи мажи праќаме по амбасадите - рака дигаат дури и на жени ... одат ли тие на лекарски пред да се испратат по амбасадите ... или пак ова е последица од шарениот состав на амбасадите по политичка припадност ... ?? ... па со вакви пресметки “кај ОК коралот“ си праќаат меѓусебни пораки ...

Blog Archive

Site Meter