Search This Blog

Sunday, June 10, 2007

ВИТОЛИШТЕ ... СИНТЕЗИС ... СЕЛСКИ ТУРИЗАМ ...

Една од станиците на Синтезис во промотивните концерти беше и Витолиште ... За жал не отидов ... далеку - а и таа сабота ако воопшто се одржа концертот не видов напис во ниеден весник ...) имав друга обврска ... Додуша Дневник најави концерт во Витолиште ... но не видов напис од концертот како помина ...

На средбите ќе биде отворена етнолошка изложба на народни носии, предмети и слики и ќе учествуваат повеќе интерпретатори на народни инструменти и културно-уметнички друштва од Прилеп, Скопје и од Битола.

Вообичаено прогуглав за да видам што е тоа што ги привлекло организаторите на концертите на Синтезис да го промовираат Витолиште ...

Витолиште е Мариовско село,а до 2004 година беше седиште на истоимената општина. Витолиште е најголемото село во Прилепскиот дел на Мариово. Од градот Прилеп Витолиште е одалечено 46 км и лежи на 830 метри надморска височина. Во селото има осумгодишно основно училиште,пошта,амбуланта со што селото претставува рурален центар на овој дел од Мариово,но и покрај оваа инфраструктура Витолиште доживеало огромна депопулација од 1291 жител во 1961 година да опадне на само 290 жители 1994 година,сите жители се Македонци. Последниве години во Витолиште беше забележано раѓање на 2 деца,што е надеж дека Мариово ќе заживее. Мариово е историски,културно и природно богат регион кој за само 50ина години тотално изумира (во 1946 година стапката на раѓање наталитет била 41,8 промили,највисока во Македонија тогаш). Витолиште е опишано во романите на познатиот македонски писател родум од Мариово,Стале Попов

Витолиште се спомнува кога по три години ке се роди бебе ... на малкуте млади брачни парови во Витолиште ... кои живејат од сточарство ... Се спомнува кога докторот од витолиште ке замине во војска и Витолиште ке оставено без лекар ... а Министрството не дозволува ново вработување ...

Поширок напис за Витолиште има на Порталот Крале Марко ...

- Во јужниот дел од Македонија, заграден со планински масиви, се наоѓа мариовскиот регион кој до пред неколку години беше најизолираната област во државава. На северната страна се планините Дрен и Сува, на југ Кожув и Ниџе, на исток Турски Рид, Катино, Голема Рудина и Орле, а кругот го затвора Селечката Планина која се наоѓа на запад. Во овие граници, по текот на реката Црна се простира најубавата и најдолга 50-километарска Мариовска Клисура. Мариовци, со гордост, од колено на колено ја прераскажуваат легендата за Мариово.
- Велат дека крајот бил наречен по убавата и храбра девојка Марија. Во време на Отоманската Империја, некој турски паша кој ги освоил селата во областа каде што сега е Мариово, се заљубил во оваа девојка. Тој бил маѓепсан од нејзината убавина и затоа бил подготвен да стори се за да ја освои нејзината љубов.
- Таткото на Марија жестоко се спротивставувал неговата ќерка да се омажи за младиот паша, оти таа била христијанка, а момчето муслиман. Но пашата, и покрај тоа, не се предал, и упорно продолжил да ја моли Марија да му ја возврати љубовта. Таа на крајот попуштила и прифатила да стане негова сопруга, но само под еден услов: целиот регион од Полошкиот манастир, Селечката Планина, селото Брод, битолскиот регион , планината Ниџе, регионот Козјак да остане христијански. Таа, исто така, побарала ни еден Турчин да не се насели и да живее таму. Пашата се согласил да го прифати ултиматумот и затоа потпишал документи со кои ја исполнил нејзината желба, по што со Марија заминале кон нивното ново живеалиште - селото Дуње. По патот, Марија извадила нож од нејзините пазуви и смртно се прободела. Така таа не му се предала на пашата, кој подоцна се обидел да ги поништи документите кои ги потпишал, ама не успеал во тоа. Поради тие документи, целиот регион останал христијански. Во чест на девојката и на нејзината храброст и пожртвуваност регионот бил наречен Мариово.
- Витолиште, кој
e уште е познатo како голем регион со најмал број на жители, го добила името по третиот брат Вите. Денес на нејзината територија, на 495 квадратни километри, во 14 села живеат 422 жители. За да се стигне до Витолиште, треба да се извози кривулест пат, по чија должина, од левата и десната страна има трошни куќи во кои живеат неколкумина старци. На само педесетина километри од ова село се наоѓа село Витолиште каде што цивилизацијата побрзо стигнала. Тоа е резултат на иселувањето на младите во прекуокеанските држави, кои виделе свет и успеале да донесат новини во родниот крај. За разлика од Штавица, во Витолиште има дури три водоводи, стотина телефони, од неодамна и телевизија, а во план е да се воведе и мрежа за мобилни телефони.
- На Водици селаните се собираат сретсело каде што се наоѓа црквата 'Свети Атанасиј'. Секој зема по една икона и сите заедно вртат три круга во дворот на црквата, кажувајќи молитви. Потоа сите заедно одат кај реката Краваштина каде што во едно вирче се фрла крстот. Отакако најсреќниот ќе го фати крстот, шета низ селото и луѓето го даруваат со мед, сирење, ракија и со слатки. Во водата каде што бил фрлен крстот се мијат иконите и се враќаат назад во црквата. Истиот ден се избира новиот кум за в година, а потоа се одбираат 10 луѓе наречени Шкуртари. Кај секој од нив се оди дома, се додека не се стигне до последниот каде што се служи вечера.
- Мариово изобилува со културно-историски споменеци, цркви и манастири. Само во Општината Витолиште има 27 цркви. Посебни места со кои се гордеат Мариовци се спомен-куќата на писателот Стале Попов во селото Мелница. Пред неколку години селаните од Крушевица се организирале и моштите на познатиот револуционер Толе-паша ги зеле од местото на загинувањето во селото Годјакови и ги пренеле во неговото родно место. Мариовци, исто така, се гордеат со својата народна носија која е надалеку позната по својот раскошен вез кој денес зазема посебно место во музеите во Македонија, Париз и на Белград.

- Во Витолиште се организираат "Мариовско-мегленски средби" ...
- Понекогаш во Витолишта се одржуваат научни средби ... уствари се спомнува во научните средби поточно ... средбите како што е ред се одржуваат во Прилеп ... :) ... кој ке оди по тоа селата ... :)

- Мапа на интернет - каде е витолиште имате тука ... тука Google Free Satellite Map за Витолиште ... Уште една мапа тука ... Уште една тука ...

Vitoliste - mapa google.jpg

Кликни на мапата за поголема ...

Осем што Синтезис се сети да организира промотивен концерт за Витолиште и градоначелникот на Прилеп се сетил ... во Витолиште да направи Викенд амбасади во мариовските села ...

- Зелени ридови и полјани се протегаат од двете страни на патот кон мариовското село Витолиште. Чистиот планински воздух од Селечка Планина се чувствува уште во нејзиното подножје. Како се оди нагоре кон Витолиште, од двете страни на патот, расфрлани низ планината и висорамнината, се редат манастири и села кои се симбол на македонскиот непокор и култура.
-
Првото село од десната страна на патот, вткаено во црните вулкански карпи, е селото Штавица каде што нашиот најпознат режисер Милчо Манчевски го сними филмот "Пред дождот".
-
Продолжуваме по патот, следени од гуштерчиња и од мирисот на планинските цвеќиња. Почнуваат да се редат од десната страна селата Бонче и Крушеица, манастирот "Света Недела", потоа манастирот "Свети Петар и Павле", а малку подолу лево селото Дуње. По него следи манастирот "Свети Ѓорѓија", а претпоследно на нашето патување е селото Манастир. Го одминуваме и Манастир и стигнуваме до Расимбеговиот мост на реката Црна. Ја слушаме Црна како боботи под мостот, а од двете страни на реката остро се спуштаат ридови и карпи.
-
Се возиме уште петнаесетина километри и доаѓаме до центарот на Мариово - селото Витолиште. Најголемото мариовско село и денес го задржало некогашниот изглед. Старите камени куќи со огромни дрвени порти не враќаат во некое далечно време. Манастирот "Свети Атанас" се издига гордо над селските куќарки, а кога од Витолиште ќе се свртите кон Прилеп се гледа највисокиот дел на Мариово, месноста Слива која е на надморска височина од 1.135 метри.
-
За мариовските убавини и недопрената природа слушнале и странците, кои се заинтересирале тука да инвестираат во екотуризам. Инвеститор од Финска склучил договор со Општина Прилеп да реновира две стари куќи во селото Манастир и да ги претвори во хотел, па ова село сега уште го викаат и финско село. Општина Прилеп, пак, за да го анимира просторот и да го направи интересен за странци, во Мариово планира да прави и дипломатско село.
-
за да не пропаѓаат (старите камени куќи), решивме да им ги понудиме на странски инвеститори и на амбасадите во земјава да ги преуредат и да почнеме да развиваме екотуризам. Инвеститор од Финска веќе се нафати да обнови две куќи во Манастир, а амбасадите на Полска и Украина ја прифатија нашата понуда и тие да се вклучат во создавањето на таканареченото дипломатско село или викенд амбасада. Украинската и полската амбасада наскоро треба да дојдат да си одберат куќа, а имаме и други заинтересирани амбасади", вели Маријан Ристески, градоначалник на Прилеп.
-
идејата е да се задржи автентичната градба на куќите, но внатрешно модерно да се уредат за да се понуди комфорен престој за туристите.
"
Нема да има некои доградби и надградби на објектите, значи нема да се загади животната средина, а од друга страна, на странците им се нуди да поминат одмор во типично македонско село.

Како се стасува до Витолиште?

Од Скопје до Витолиште има околу три часа возење со автомобил. Три километри по изминувањето на Прилеп на магистралниот пат Прилеп - Битола се врти десно по асфалтен пат. Од овде до Витолиште има уште околу 50 километри. Прво на патот кон Витолиште од десната страна е село Штавица, потоа Бонче и Крушица, исто од десната страна. Од лева страна доаѓа Дуње, па повторно од десната страна селото Манастир. Покрај патот постојано има патокази кон селата и манастирите, но не се влегува во нив туку се вози по патот, се до реката Црна и откако ќе се мине Расимбеговиот мост, треба да се поминат уште 15 километри до Витолиште.

Елица Ангеловска

За жал никојпат не сум бил во Витолиште и немам свои сеќавања за да Ви ги раскажам ... Ке се потрудам да го надокнадам тоа ...

- За селскиот туризам имав уште еден пост - СЕЛСКИ ТУРИЗАМ - ЈАНЧЕ ...
- За мариовско Бонче имав истотака промотивен пост - БОНЧЕ ...
- За промотивните концерти на Синтезис имав неколку постови: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 ...

- Vitoliste ... Vitolište ...

Saturday, June 09, 2007

ЕСТРАДАТА затајува данок ...

Во многу прилики имам слушнато кога естрадата т.е. естрадните уметници, композитори и нивни менаџери малтене плачат како нивните права никој не ги штити ... како се пиратирани ... крадени ... уште солзи не проронуваат ... Кога ги слушам нивните жалопојки како се пиратирани - си велам зошто водителот не ги праша а Вие кога ја компонирате вашата музика пиратирате ли ... крадете ли семплови и туѓи идеи ... а компјутерот Ваш со легален софтвер ли е ...

Од друга страна естрадните уметници и фелата околу нив врти големи суми на пари од хонорари од концерти и таканаречени тезги, па настапи во странство - кои приходи не ги пријавуваат во УЈП, за да ги оданочат ... Пријавува ли данок оној кој добива пари да направи песна за некој пејач ... се зборува за хонорар/тезга кој не се движи помалку од 500 до 1000 евра па и нагоре ...

Погрешно да не ме сфатите не реков зошто вртат толку големи пари и треба да вртат ... нивниот неоспорен талент треба да биде платен и соодветно награден ... Но брате данок не пријавуваат ... !!!??

Управата за јавни приходи (УЈП) за првпат оваа година наговести дека ги следи сите настапи на естрадните уметници и има отворено посебен картон за секој естраден уметник ... имено за секој естраден уметник за кој преку весниците се најавува концерт или настап - тезга де .... даночниците веднаш удираат рецка во картонот и покасно споредуваат пријавили или не пријавил данок ...

Денешен Вечер не почестува со напис во кој открива кој колку пријавил персонален данок а за колку УЈП смета дека не пријавил ... Па да видиме:

- Звучни имиња од македонската естрада наскоро ќе пропеат пред Управата за јавни приходи. Ќе мора да објаснат зошто на хонорарите, кои ни најмалку не се за занемарување, на државата не и плаќаат персонален данок, или пак со цел од спечалениот колач по тезги и концерти да им остане повеќе, износот кој го пријавиле на име на ланската добивка е помал од реалниот.
- Според податоците на Управата за јавни приходи, воопшто не ги пријавиле своите приходи, односно не поднеле годишна даночна пријава.
* шоуменот Игор Џамбазов за кој УЈП утврдила дека лани остварил приход од 1.247.751,00 денари, - 20.100
Е или 1.680 Е месечно ...
* Илија Псалтиров - 921.395,00 денари, - 14.860 / 1240 Е месечно ...
* Есма Реџепова-620.958,00 денари, - 10.000 / 830 Е месечно ...
* Дамир Имери - 614.406,00 денари, - 9.900 / 830 Е месечно ...
* Владимир Јаневски - 462.106,00, - 7.500 / 620 Е месечно ...
* Ристо Самарџиев за кого Управата за јавни приходи констатирала дека лани остварил приход од 444.272,00 денари – 7.200 / 600 Е месечно ...
* Елена Ристеска која остварила приход од 436.524,00 ден. – 7.000 / 590 Е месечно ...

- На овој список на Управата за јавни приходи за неподнесени годишни даночни пријави за персонален данок на доход се наоѓаат:
* Арбен Шакири за кого е утврдено дека остварил приход од 395.859,00 денари, потоа
* фолк-ѕвездата Сузана Спасовска која спечалила 367.112,00 денари,
* Виолета Томовска со износ од 362.644,00 денари,
* Весна Малинова со спечалените 355.516,00 денари,

- На листата на оние што ни денар не пријавиле од хонорарите, а со тоа избегнале плаќање на персоналец, се наоѓаат и
* Андријана Јаневска, за која УЈП утврдила дека лани остварила приход од 253.673,00 денари,
* Биба Додева - 223.555,00 денари,
* Никола Перевски - 188.654,00 денари и
* Ребека Јанковска - 137.150,00 денари.

- За Џамбазов, Псалтиров, Спасовска, Томовска, Јаневска и Ребека Јанковска од УЈП имаат забелешка за неточни извештаи од Авторската агенција за персонален данок од доход.
- Од Управата за јавни приходи потврдуваат дека овој список не е конечен. Се работи на утврдување на финансиската состојба на речиси сите пејачи и естрадни уметници, каде се вртат и најголемите пари!

* Композиторот Григор Копров има поднесено годишна даночна пријава со тоа што пријавил приход помал од она што го утврдила УЈП. Па така Копров пријавил 4.299.503,00 денари, додека даночниците утврдиле дека неговиот лански приход изнесувал 5.406.532,00 денари, односно дека не пријавил приход од 1.107.029,00 денари.
* Нецелосно пријавен приход е констатиран и кај Дарио Панковски, кој пријавил 813.042.00 денари, а утврден му е приход за лани од 1.174.596,00 денари или непријавен приход од 361.554,00 денари.

- На списокот на нецелосно пријавени приходи се наоѓаат и
* Драган Даутовски, кој пријавил 695.138,00 денари, а утврден му е приходот од 923.354,00 денари, но УЈП уште еднаш ќе ја проверува неговата заработувачка.
* За пијанистот Симон Трпчески се утврдени приходи од 1.136.893,00 денари, а тој пријавил во годишна даночна пријава 686.118,00 денари. И кај него УЈП има забелешка на неточниот извештај на Авторската агенција.

Некој во УЈП решил ревносно да бележи се ...

www.promacedonia.org

Овие дена на мојот блог имав неколку написи во врска со Македонско Бугарските односи ... препирки на интернет поврзани со блогот на „Вашиот сосед“ ...

- ФОКУС - огорчен од некои МК блогови ...
- „Вашиот сосед“ ... Фокус ... Блог ...

Задоволен сум дека правилно се разбраа моите постови и немаше поголеми злоупотреби во коментарите каде би се навредувале нечии чувства ... немаше дури ни пцовки ... почит респект за сите кои коментираа ...

Во првиот пост напишав една реченица:

Наместо заклучок ... им симнувам капа на бугарите за организирање пропаганда ... не штедат пари и труд ... Колку тоа ке им успее во 21 век ке видиме ...

Бидејки беше спомнат сајтот www.promacedonia.org ... еден од творците на сајтот во форма на коментар ми пиша:

Драг Волан, во грешка си. Саjтот www.promacedonia.org не е дел од некаква организирана бугарска државна пропаганда. Овоj саjт е дело на група истомисленици од Бугариjа, кои се интересираат од македонските прашања. Никоj не плаќа за скенирането, обработувањето и качувањето на текстовите. Учеството е слободно и секоj, коj сака и може да биде корисен, е добродоjден. Мислам дека во целост содржината на саjтот не може да биде определувана како пропагандна. Делови како "Спомени", "Езикознание", "Етнографиjа", "Историjа" и така натаму содржат аутентични историски документи од академски публикации и научни истражувања, исклучок е делот "Памфлети". Зборот "пропаганда" со своите негативни конотации не е точен во однос на озбилната информациjа, коjа нуди саjтот. Ако на пример писмата и документите на Гоце Делчев покажуваат немакедонски етнички идентитет на револуционерот, ова не е причина истите да бидат определувани како "пропаганда". Историската информациjа мора да се почитува таква каква што е независно од тоа какви се нашите денешни идентитети.

Поздрав од Софиjа:

Черњо Пеев

Коментарот го воспримив како комплимент и знак за подадена рака и одговорив:

Драг господине Черњо Пеев

Исклучително ми инпонира Вашиов коментар ... и заради начинот на кој ми се обраќате на чист Македонски и заради самата содржина на коментарот ...

Има и други мои пријатели од Бугарија - кои ме убедуваат дека сајтот
www.promacedonia.org не е финасиран од никого дека е дело на луѓе кои ја сакат Македонија и Македонската историја ... но ја гледаат низ призма на Бугарски наочари - бидејки се разбира се родени и воспитани во рамките на Бугарија ... Сајтот можеби не е целосно финасиран но е секако помогнат како донација од самата бугарска држава или од донатори ...

Најпрвин Ви симнувам капа до земја (значи го имате мојот наклон) за делото кое го правите ... обездедувате страшно корисни информации за сите на кои Македонија им е во срцето ...

Мене дури воопшто не ми смета кога во книгите ке прочитам како кој се орјентирал ... како Бубарин ... како Бугарски Македонец ... или незнам која варијанта ... Тоа јас лично го подразбирам како одраз на дел од едно историско време ...

Тука во Македонија имате многу фанови на вашиот сајт - кој го користат како можност да прочитаат ретки стари книги за Македонија ... меѓу фановите на сајтот можете да ме вброите и мене ... кога имам време, често читам делови кои таму ги наоѓам ...

За да се разбере правилно историјата мора да се прочитаат сите релеванти историски факти од сите заинтересирани “страни“ од историскиот настан ... Во случај на Македонија и таканареченото Македонското прашање - неопходно е да се прочитаат историските извори од неколку центри за историја ... Скопје, Софија, Београд, Атина, Анкара, Тирана и неколкуте светски центри ... Москва, Париз, Лондон, Берлин ... и други ... дури откако за еден историски настан или личност ке исчиташ се што е напишано од повеќе извори ке можеш да си пресудиш во својата глава за одредената историјка личност или настан ... Тоа за мене е вистинска историја ...

Во такво светло пробав да ја разберам историската личност на Мара Бунева ... за која пишав неколку постови ...

- МАРА БУНЕВА ...
- ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ ...
- Атентатот - Бунева и истрагата ...

Пронајдов скоро се што можеше да се пронајде на интернет за нејзиниот лик и дело ... секако истражувањето не е завршено ми фалат написи на светската штампа ... и историски извори од светските центри ... Кога ке дојдам до такви материјали ке ги проучам и објавам на моите блогови ... без некои силни коментари ... Историските книги и материјали кога се објавуваат треба да не се оптеретуваат со премногу коментари ... читателот сам треба да си ја пронајде поентата ...

Се разбира дека сето ова може да го направи само интернетот ... и во тој правец го поздравувам овој сајт ... Се залагам ние тука во Македонија да организираме слична работа по узор на вашиот сајт и сајтот Растко
http://www.rastko.org.yu/

Се залагам да се подигнае на интернет Нова Македонија по узор на Политика
http://www.digital.nbs.bg.ac.yu/novine/politika/

Затоа голема пофалба за ова дело
www.promacedonia.org на сите наведени момци (не гледам девојки ) на творците на овој сајт ...

Книгите са предоставени от:
Симеон Цонев, Васил Карлуковски, Николай Чернев, Лазар Гецковски, Христо Ценов, Милен Радев, Димо Бечев, Емил Георгиев, Самоковецо, Баш Бугараш, Владислав Васев, Черньо Пеев, Емил Петров, Иля Талев, Йордан Чорбаджийски, Анастасия Побошкова, Работно ателие за македонска история , The_bomb, Славчо Стоянов и Игор (Alias) и са обработени от:
Васил Карлуковски, Христо Ценов, Милен Радев, Димо Бечев, Емил Георгиев, Ангел Апостолов, Баш Бугараш, Владислав Васев, Черньо Пеев, Емил Петров и Работно ателие за македонска история .

Мојот меил го имате во мојот профил ... но еве и тука ке го напишам:

volanskopje@gmail.com

Повелете ... или заповедајте ... за личен контакт ... Мислам дека и во Македонија има луѓе кои радо би соработувале со вас ... луѓе кои избрале да се орјентирааат како Македонци ... и на кои Македонија им е во срцето ...

На паралелниот блог на Блогспот
http://volanskopje.blog.com.mk/ - каде често се води дискусија меѓу Бугари и Македонци ... често оштра но сепак во границите на дозволеното ... за што сум благодарен ... реков дека можеби е време да се створи еден клуб на виртуелни пријатели (пријатели запознаени преку интернет) на Бугарски и Македонски граѓани ... кои би допринеле за развојот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија ... како две соседни земји, кои за кратко време ке бидат членки на Европскиот сојуз на држави ... каде границите нема веќе да бидат пречка на размена на идеии и мисли ...

На нашиве Балкански простори имаме премногу историја која помалку ни смеќава во развојот на добрососетските односи и економскиот просперитет на народите ...

Поздрав до сите Вас ...

Збор два за самиот сајт http://www.promacedonia.org/ ... Извонредно добро замислен од организаторите ... Очито е помаган веројатно како донација ... Сигурен сум дека има многу часови и на доброволна работа од поменатите автори ...

Friday, June 08, 2007

„Вашиот сосед“ ... Фокус ... Блог ...

Еден бизарен случај на една игра (детска но опасна...) на некој “Македонски блогер“ во лицето на „Вашиот сосед“ кој сакајки веројатно да направи пародија - непотребно и невкусно преку блогот на „Вашиот сосед“ ја подигна тензијата на Бугарската јавност - која преку пишувањето на влијателниот Фокус десетина дена упорно го актуелизираше невкусното пишување на блогот на „Вашиот сосед“ - кој во еден пост многу невкусно се однесе кон несреќата која ги снајде Бугарските медицински сестри ... кои во судски процес во Либија се осудени ... заради труење на либијски деца со вирусот на Сида ... Бугарската надворешна политика се труди со сите можни средства да го нападне обвинението на Либијскиот суд ... процесот трае веќе неколку години и целата Бугарска јавност е потресно вклучена во овој процес ... верувајки дека нивните медицински сестри не се виновни ...

Во една таква атмосфера - Фокус се вклучи среде интернет војна на Бугарски и Македонски блогери (која се води повеќе од година дена...), кои нечесто се користеа со недозволиво ниско ниво на комуникација и взаемно многукратно ги навредуваа чувствата и на Македонскиот и на Бугарскиот народ ...

Воопшто не гледајки во “ѓубрето“ од својот двор Фокус ја обвини целата Македонска блогосфера дека е болна и дека е со антипатско и психопатско расположение спрема Бугарија и Бугарскиот народ ...

Листата на написи во Фокус беше долга:

- Антибългарският македонски блог не се отваря вече и на новия адрес … 02 юни 2007 | 09:49 | Агенция "Фокус"
- Антибългарският блог е преместен на нов адрес - vasiot_sosed.blog.com.mk ... 02 юни 2007 | 00:00 | Агенция "Фокус"
-
Хакери спасиха честта на България от македонските посегателства ... 01 юни 2007 | 23:36 | Агенция "Фокус"
- Блогът за медиците - комплекси на хора, които нямат друг начин за самоутвърждаване, според Вени Марковски ... 01 юни 2007 | 15:57 | Агенция "Фокус"
-
Вени Марковски: Явления като блога ***** ***** не са трайни ... 01 юни 2007 | 14:23 | Агенция "Фокус"
-
От ГЕРБ - Благоевград настояват за спиране на македонския сайт, разпространил обидните колажи с медиците ни в Либия ... 31 май 2007 | 19:13 | Агенция "Фокус"
-
В България има епидемия от клептомания на всичко македонско - тема във форума "*******" ... 31 май 2007 | 17:44 | Агенция "Фокус"
-
Съюзът на инвалидите в България няма някакви взаимоотношения с **** ********** ... 31 май 2007 | 17:39 | Агенция "Фокус"
-
**** **********: Нямам нищо общо с македонския блог за медицинските сестри в Либия и не съм го виждал ... 31 май 2007 | 16:47 | Агенция "Фокус"
-
Скандалният антибългарски блог "***** *****" е все така активен - 31 май 2007 | 16:11 | Агенция "Фокус"
-
В. “Вяра”, Дупница: Петков и Калфин да спрат скандалния македонски сайт ... 29 май 2007 | 09:19 | Агенция "Фокус"
-
Блогери в Македония са потресени от вулгарността на македонския блог за българските медицински сестр ... 28 май 2007 | 11:41 | Агенция "Фокус"
-
Велислава Дърева: Македонският блог с обиди към българските медици е политическа провокаци ... 27 май 2007 | 16:25 | Агенция "Фокус"
- Георги Лозанов: Дори и трагедията на медицинските ни сестри не може да спре ксенофобския национализъм ...
27 май 2007 | 16:17 | Агенция "Фокус"
-
Българите да изразят отношението си към блога, в който обиждат медиците, призова Маргарита Панева ... 27 май 2007 | 15:02 | Агенция "Фокус"
-
Директорът на вестник “Време” Александър Дамовски: Създаването на македонски блог с обиди за медиците в Либия е безобразие ... 27 май 2007 | 13:50 | Агенция "Фокус"
-
Божидар Димитров: Македонският блог с обиди за медиците в Либия е гавра на един еничарин с лицето на измъчена българка ... 27 май 2007 | 12:41 | Агенция "Фокус"
-
Предполагаем македонски блог е публикувал обидни коментари за българските медици в Либия ... 26 май 2007 | 10:33 | Агенция "Фокус"

Фокус интервјираше многу свои авторитети за да ја докажат тезата ...

- Директорът на Националния исторически музей проф. Божидар Димитров ..
- Директорът на македонския вестник “Време” Александър Дамовски.
- Маргарита Панева, народен представител от Коалиция за България и председател на Групата за приятелство България - Македония към Народното събрание ...
- Председателят на Българска медийна коалиция (БМК) Георги Лозанов.
-
Журналистът Велислава Дърева.
-
Представителят на Левичарски блог /www.levicamk.blog.com.mk/
- ВМРО ръководствата на Петрич и Сандански са отправили искане до техния лидер и депутат Борис Ячев ...
-
Телевизия бТВ ...
-
Председателят на Съюза на инвалидите Красимир Коцев.
-
Членовете на ПП ГЕРБ – Благоевград ...
-
Вени Марковски, председател на Интернет общество България.

Ке си дозволам да шпекулирам дека Бугарската официјална политика - секако има официјално реагирано кај нашите надлежни институции во врска со овој случај ...

Од наша страна јавноста не ја информираше никој ... Напишав пост на 1 Јуни, 2007 ... веднаш штом го приметив “случајов“: ФОКУС - огорчен од некои МК блогови ... и го следев ... Имаше релативно задоволителна размена на дискусии меѓу македонските блогери на постот - во која не се застрани ... напротив ...

Нашите мејнстрим медиуми мудруваа ... Најпрвин се огласи Неделно Време со написот: БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ОБВИНУВААТ ЗА ШИРЕЊЕ ОМРАЗА - Бизарна пресметка во македонско-бугарската интернетска војна ... за да денеска приметам сериозен напис во Утрински: Македонски блог ја испровоцира бугарската јавност (ЗОРАН РИЧЛИЕВ) ...

- Поради контроверзни колажи со бугарски личности се разменија многу отровни стрели меѓу македонските и бугарските блогери ...
-
Деновиве во некои бугарски медиуми се крена многу прашина околу фото-колажи објавени на еден македонски блог. Станува збор за блогот на „Вашиот сосед“ (http://vasiotsosed.blog.com.mk) на кој во погрдни позиции и комбинации се напаѓаат личности од актуелната бугарска политичка сцена, историски личности, но она што најмногу ги разбранува страстите е ставањето на бугарските медицински сестри затворени во Либија во контекст со мајмуни.
- Навредливите содржини на блогот „Вашиот сосед“, кој постои од неодамна, беа откриени од бугарските читатели, кои, патем речено, се постојани консументи на македонските сајтови и блогови, по што кај нашиот источен сосед се предизвика целокупното јавно мислење да реагира на овие содржини, работата стигна дури до бугарскиот парламент.
- Шокантно е што во целиот случај сосема невино беше вмешан нашиот параолимпиец
Миле Стојкоски, во моментот актуелен со подготовките за неговиот пат со инвалидска количка на Олимписките игри во Пекинг.
- Бугарската информативна агенција Фокус која будно го следи случајот, контактирала со Стојкоски и заклучила дека станува збор за друго лице.


- По овој развој на настаните блогерот со псевдонимот „Вашиот сосед“ отвори нов блог
http://www.vasiot_sosed.blog.com.mk/ и навредливите содржини повторно ги направи достапни, овој пат и со навреди за „Он-нет“ поради обидите за цензура.
- Да не излезе дека бугарските блогери се коректни кон Македонија, еве неколку блогови на блогерајот на „Он-нет“ (предочени од нашиот блогер Спартак) отворени на нашето блогерство на кои има навредливи и антимакедонски содржини, но кај нас јавноста тешко да се активира за ваквите работи, иако треба:
makedoncite, forim, beroe, spartakov, glein, kyrvi, snaketnn, fixxxsers, maikavimakedonska, dada.bg, tedi, bugaras, TheTruthisOutThere...
- Доколку ги разгледате претходните блогови, ќе заклучите дека она на што реагираат Бугарите е ситница во однос на тоа што се' се пишува за нашата историја, за Македонците во Бугарија и слично.


- Да не се добие погрешен впечаток, блогот е прекрасна придобивка на Интернет, слободата на блогерството овозможува да се најдат многу корисни информации, истомисленици, а блогерите се и првите (во многу случаи и единствените) што реагираат на многу општествени прашања, кои мејнстрим-медиумите ги заобиколуваат.

Како и што предвидов во мојот предходен пост ... “случајов“ кога тогаш ке предизвика интерес и на нашите мејстрим медиуми ...

Во случајов Утрински не само што направи пресек на случајот ... туку го обработи со сите неопходни линкови ... за да сватиат читателите на Утрински - лесно за што се работи ... Со ова се исполнува и моја голема желба, која во последно време ја повторувам како буба тралалала ... дека мејстрим медиумите кои излегуваат во електронско издание мора да почнат да линкаат ...

- ЛИНК ... ЛИНКУВАЊЕ ... Блог ... Интернет ...
- ЛИНКУВАЊЕ ВО ВЕСНИЦИТЕ ...
- ГЕНИЈАЛНОСТА НА ШПИЦ ...
- БЛОГ - граѓанско новинарство ...

- Vasiot sosed ... Fokus ... Blog ...

Thursday, June 07, 2007

ГРЦИЈА - разочарана ... СДСМ и ДУИ фингираат политичка криза ...

Во услови на денешната фингирана политичка криза со Гласањето за доверба на Владата на РМ - која поради теснопартиски интереси ја поднесе СДСМ ... некако неприметено помина една голема победа на Македонија во Советот на Европа ... “Победа за Македонија“ ... што би рекол господинот Председател на РМ Бранко Црвенковски ...

Имено во Советот на Европа релативно мазно помина гласањето за Извештајот за напредокот на Македонија што завчера го усвои Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент ... Само грчките пратеници беа против ... Иако не треба да не фаќа еуфорија од усвоениот Извештај - бидејки усвоениот извештај е само препорака до Европската комисија ... се препорачува на ЕК да ги започне преговорите со Македонија за прием во ЕУ ... и целосно да го либерализира визниот режим ...

Наместо славје на Плоштад ... тоа сигурно ке го направеше СДСМ по големата победа “Победа за Македонија“ ... секако во организација на некои “невладини“ организации ... имаме Гласање на доверба на Владата ... СДСМ си ја копа дупката кај своите гласачи уште подлабоку ... играта е провидна ... губи не само СДСМ ... највеќе губи Македонија ...

- Грција е незадоволна од усвојувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент во Брисел, посочувајќи го тоа како неуспех на сопствената политика.
-
„Поразот“ на Атина се гледа во прифаќањето на амандманот со кој се бара признавање на македонските пасоши на кои стои уставното име на земјата …
- Четворицата грчки европарламентарци во Комитетот за надворешни работи беа единствените што гласаа против извештајот за Македонија.
- Извештајот за кој имаше 156 амандмани нема обврзувачки карактер и за него ќе се расправа на сесијата на Европскиот парламент во јули, а во Атина се проценува дека тој ќе биде усвоен.
- Во извештајот јасно се признава напредокот на Македонија во однос на исполнувањето на Копенхагенските критериуми, се бара спроведување на усвоените закони и се напоменува дека од ангажманот на позицијата и на опозицијата во Македонија ќе зависи почетокот на преговорите.
- .. се поздравува договорот помеѓу Владата и опозицијата (ДУИ) и се бара негово спроведување пред почетокот на преговорите за членство.

Сличен напис имаме и во денешен Вечер - ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ПОБАРАА ОД ЕУ ДА ЗАПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО СО МАКЕДОНИЈА ... На ред е Европската комисија! ...

- ... извештајот треба да биде усвоен на пленарната седница на Европарламентот, идниот месец. Па дури и тогаш не е завршена целата работа. Како што е познато, документите на ЕП не се обврзувачки ниту за Европската комисија ниту за Советот на ЕУ, а тие се институциите што ќе го подготват извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија во ноември, ќе одлучуваат кога да ги започнеме преговорите за членство и кога во целост да се урнат визните бариери.
- Македонските дипломати се задоволни и од препораката на европратениците, прашањето со нашето уставно име да не се става меѓу условите за добивање на датумот за преговори.
- Ова е првпат институција на ЕУ да заземе јасен став околу ова прашање. Грција под итно мора да ги надмине своите ирационални стравови во однос на признавањето на уставното име на Македонија и да престане да стои на патот кон ЕУ на нејзиниот помал сосед - изјави Бер.
- Според документот, идејата е секоја земја членка слободно самата да го избира името со кое ќе му се обраќа на Скопје.
- Со документот, европратениците повикаа и на итно признавање на македонскиот пасош од сите земји-членки на ЕУ, вклучително и од Грција, и укинување на дополнителното плаќање за грчка виза за оние граѓани што веќе имаат шенген-виза.

Од друга страна имаме и очекувана скорашна подршка од Председателот Буш за приемот во НАТО ... СДСМ и ДУИ како да не ја посакуваат и ова покана ... Никој друг за нив не е способен ... само тие биле ...

- Grcija razocarana ...

ДДВ од 19 на 22 % - предлага Владата ?!

Во услови кога на една страна се канат странските инвеститори да инвестираат во Македонија заради намалување на Персоналниот данок од добивка ... наеднаш Владата размислува под притисок на Светската банка да го зголеми ДДВ-то од 19 на 22 проценти а да го укине придонесот за здравство од 9,2 отсто од бруто-платата ...

Вака сметаат Владата и Светската банка - теретот на финасирањето на здравството порамномерно ке се распредели на сите граѓани ... Хм ... хммммм ... Се работи за нешто друго веројатно - што јавно не се признава ... Финансирањето на здравството е во страшен пад бидејки секојдневно се намалува бројот на фирмите и компаниите кои плаќаат доприноси ... а има и такви кои плаќаат доприноси на минимални износи ... Сево ова допринесува здравството да има пари едвај само за плати за Лекарите и останатото особје од здравството ... а пари за лечење (основната дејност ...) нема или трипати се намалени од минатите години ...

Воколку ова го спроведе Владата на Груевски дефинитивно ке го урне имиџот на Влада која вети дека ке ги намали даноците ... Јасно ми е зошто за ова се залага Светската банка ... нема да ми биде јасно ако ова го прифати Владата која веднаш ке истрпи критики дека не ги остварува своите ветувања во однос на даночната политика на перманентно намалување на даноци од една страна и прибирање на даноците од друга страна ... На крај се се сведува сметките да ги платат сите, во кои најголем број се најсиромашните ...

- ДДВ од 22 отсто ќе го лечи здравството? … ПРЕДЛОГ ОД МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ …
- Оваа идеја одамна ја дал министерот Трајко Славески, а странските експерти ја разработиле како предлог-мерка за подобрување на финансирањето во здравството …
-
Меѓународни финансиски институции ќе и' предложат на Владата да го укине придонесот за здравство од 9,2 отсто од бруто-платата, а на сметка на тоа да го зголеми данокот на додадена вредност од 19 на 22 отсто …
- Идејата е инспирирана од британскиот модел, според кој здравството се финансира од даноците, а не од посебни придонеси - објаснија во Министерството за финансии, но не кажуваат од каде би се финансирало здравството ако се укине придонесот.
- … предлогот на меѓународните финансиски институции е работодавците да се ослободат од плаќање здравствен придонес, а товарот за јавните здравствени трошоци да им се распредели на сите граѓани.
- Очекувањата се дека ударот од зголемениот ДДВ ќе се ублажи со зголемување на платите на вработените, за делот од придонесот што би се укинал.
- Овој модел се применува во повеќе развиени земји каде што здравството добива соодветен дел од буџетските приходи со кои треба да ги покрие трошоците.
- Реформите во здравството ќе бидат тема и на претстојните преговори помеѓу Владата и Светската банка, кои почнуваат в понеделник.

Ова било модел на високо развиените земји ... смета ли некој дека сме ние високо развиена земја ...

- DDV ... Zdravstvo ... Danoci ...

На темата пишував и во постовите:
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ...
- ООЗТ - тизација на Клинички ...
- МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија ...
- Операција во гаќи ...

МАСОВНА ДЕМОКРАТИЈА

Интересен феномен (што би рекол Џафери) е освојувањето на демократијата на балканските простори во кои спаѓа секако и Турција ... На избори учествуваат икс - ипсилон партии и поединци ... и сите се надеваат дека ке бидат избрани ... Тоа покажува дека демократијата ги преживува детските болести на овие простори ... во повој е де ... ја тренираме ... а богами имаме и тренери ... :)

- Гласачките ливчиња за претстојните парламентарни избори во Турција ќе бидат долги два метра …
- Должината на гласачкото ливче во Истанбул ќе изнесува 180 сантиметри, а во Анкара, Измир, Бурска и Мерсин - 150 сантиметри.
- Според новиот систем имињата на независните кандидати ќе бидат најгоре на гласачкото ливче, поради што значително се зголемува неговата должина.

Овие ливчиња по должината ме подсетуваат на нашите и комшиските ... Во развиените демократии на избори излегуваат едвај неколку партии а независни кандидати се мислена именка ...

- Demokratija ... izbori ... glasacki list ... Turcija ...

Blog Archive

Site Meter