Search This Blog

Friday, December 08, 2006

Св. Климент Охридски и Македонски - репринт









Свети Климент Охридски е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на мисија Моравската мисија. По завршетокот на оваа мисија Св.Климент Охридски по покана на бугарскиот Св. Кнез Борис І оди во Охрид каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/b/bd/St_clement_large.jpg/180px-St_clement_large.jpg http://www.m-p-c.org/Vesti/Plaoshnik_10-08-2006_files/13.jpg
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Да не беше мисионерската, учителската и просветителската дејност на св. Климент и св. Наум во Охрид ке беше речиси загубено и незамисливо мисионерското дело на Светите Браќа.

Овие ученици на Св. Кирил и св. Методиј ги ставија темелите на христијанството и на македонско-славјанската писменост во својата татковина Македонија. Свети Климент е првиот македонски духовник, учител и книжевник.

Оваа негова дејност била цврсто поврзана со вистинското сестрано христијанизирање на македонците, како и основањето и организирањето на првата македенска епископија во Охрид и областа Кутмичевица.

Свети Климент продолжи со преведувањето на светите книги на јазикот на македонците и го основал Охридскиот универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, и ја нарекол кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски.

Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони. Голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај повеќето славјански народи, како кај : бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и кај други народи кои имале сличност со славјанскиот јазик.

Во 893 година Свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот славјански епископ во македонската - Величка епархија. Оваа македонска епископија од страна на црковните историчари со право се смета за прва организирана Црква на Балканскиот Полуостров. Тогашната Бугарска црква, која била организирана по покрстувањето на Бугарите во 864 година, имала латински висок клир.

И така св. Климент, ученикот и соработникот на Македонските и сеславјанските апостоли и просветители Кирил и Методиј, стана прв македонско-славјански епископ, виден книжевник и проповедник на Христовото Евангелие во
IX и X век.

Тој е основоположник на македонско-славјанската просвета и книжевност во Македонија. Тој си го поставил за образец на својот живот својот учител, великиот Методиј. Тој го познавал неговиот живот како никој друг, бидејќи го придружувал уште од своите младински години и бил сведок на сите негови подвизи и сите негови дела.

Свети Климент учествувал во проповедничката дејност на Светите Браќа, учествувал во преводите на светите книги, како и составувал и свои дела. Напишал проповеди - обрасци за сите празници и недели во годината.



Thursday, December 07, 2006

ЕСМА vs БОРАТ

Контраверзниот филм на британскиот комичар Саша Барон Коен, попознат како Борат .... за нас станува уште поконтраверзен бидејки Есма Реџепова и Наат Велиов од „Кочани оркестар“ - најавувааат тужба заради користење на нивни авторски песни во филмот - без нивно одобрение на песните „Чаје шукарие“ и „Сики сики баба“.

Се спомнува одштета од 100 илјади евра.

Освен песните на Есма и на Наат, на саундтракот се наоѓа и песната „Ерделези“ на Горан Бреговиќ.

Извор на веста - денешен Дневник: Есма Реџепова и „Кочани оркестар“ го тужат комичарот Борат

Wednesday, December 06, 2006

Попе дај фискална!

Мислам дека тешко ке помине ова кај поповите и оџите !?

Поп да пушти рака и да плати нешто - не бе Поп пружа рука само за да му дадеш нешто :) ... Ова е прикаска која се слуша меѓу народот како шала на рачун на Поповите ... а прикаската ја раскажуваат и самите Попови ...

Имено УЈП турка иницијатива да се фискализираат Поповите и Оџите ... Отпор има имало и ке има ... тешко со ова ке биде ...

Веста ја преземав од Вечер - 06.12.2006 :: Бр. 13367
На свадба и погреб, попе дај фискална!

**
Во МПЦ вчера никој не сакаше да го коментира фискализирањето. Но, на последниот Собор на МПЦ во Струга прашањето на финансирањето на свештениците го покрена митрополитот Агатангел кој предложи да се најде начин како државата би имала увид во работењето на црквата, но свештениците да добиваат плата од државата. Владиците овој предлог едногласно го отфрлија.

Friday, December 01, 2006

AEK - го минира развојот на интернет комуникациите

Агенцијата го минира развојот на интернет комуникациите
1. Декември, 2006
После една година работа за создавање подобар и попристапен интернет за сите граѓани, здружението Интернет Македонија констатира дека состојбата не е многу променета. „Корисниците на интернет плаќаат убедливо највисоки цени во Југоисточна Европа, постојано се жалат на неквалитетни услуги, а интернетот останува луксуз за мно¬зин¬ството граѓани на Република Македонија“, рече Александар Николов, Претседател на организацијата.

После една година работа за создавање подобар и попристапен интернет за сите граѓани, здружението Интернет Македонија констатира дека состојбата не е многу променета. „Корисниците на интернет плаќаат убедливо највисоки цени во Југоисточна Европа, постојано се жалат на неквалитетни услуги, а интернетот останува луксуз за мно­зин­ството граѓани на Република Македонија“, рече Александар Николов, Претседател на организацијата.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се потврди како најголем кочничар за развојот на подобри и поевтини услуги. Со буџет од над 4 милиони евра годишно и стотина вработени, АЕК успеа да ги пробие сите рокови за донесување на подзаконските акти со кои требаше да се зго­леми конкуренцијата на пазарот. Според Интернет Македонија, дури и оние акти што се донесоа, јасно ги фаворизираат АД Македонски телекомуникации, наспроти интересите на граѓаните и другите оператори.

Агенцијата не ја почитува ниту законската обврска да објавува податоци за квалитетот и цените на услугите за да им олесни на граѓаните да направат информиран избор. Се толерира заведувачко рекламирање со кое операторите ги намамуваат граѓаните, а и новите АДСЛ договори со одоб­ре­ние на АЕК се склучуваат под незаконски услови, неповолни за корисниците.

За ваквите состојби, Интернет Македонија ќе вложи претставка до Народниот правобранител, а ќе ги извести и претставништвата на САД и Европската комисија кои беа активно вклучени во подготовка на реформата на телекомуникацискиот сектор.

Николов изјави дека независноста на АЕК не смее да се претвори во несносење одговорност за резултатите од работењето. За таа цел Интернет Македонија ќе предложи на Собранието и Владата воведување на квартални извештаи за работењето на Агенцијата, како и воведување на параметри за квалитет на интернет услугите кои задолжително ќе се објавуваат и внесуваат во претплатничките договори.

Конечно, Интернет Македонија ја посоветува новата влада наместо да вложи во нови канцеларии или мебел, да оддели средства за докупување нови широкопојасни капацитети, затоа што е очигледно дека постојните капацитете веќе се загушени.

Blog Archive

Site Meter