Search This Blog

Saturday, May 06, 2006

Македонските Олигарси

Триесетина олигарси ја контролираат Македонија

Триесетина олигарси во државава имаат целосна контрола врз политичкиот врв, економијата, законите, невладиниот сектор и медиумите, истакна Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз.

Поради криминалната приватизација од Македонија излегоа повеќе од пет милијарди евра. А ниту една влада досега не се заангажира да го спречи организираниот криминал, туку го поддржуваат.

За корумпираните функционери треба да се предвиди казна - забрана за политичко дејствување. Проектот за декриминализација има цел да се дислоцираат криминалците од зградата на бившиот ЦК, покрај реката Вардар, и да се префрлат во Идризово.

Пропаднати држави за 2006

Македонија на половина пат до распаѓање

-Нееднаквиот економски развој меѓу населението, -криминализацијата на државата и
-етничките проблеми се индикаторите што придонесоа Македонија да се најде на незавидното 78 место меѓу 146 рангирани земји според „Индексот на пропаднати држави“ за 2006 година на магазинот „Фореин полиси“ и организацијата „Фанд фор пис“.

Истражувањето е базирано врз повеќе параметри што ја дефинираат категоријата „земја во распаѓање“
-како земја во која владата нема ефективна контрола врз територијата,
-не поседува монопол врз механизмот на легитимна употреба на сила и
-не може да обезбеди безбедност и основни јавни услуги за своите граѓани.

Покрај овие карактеристики, истражувачите овој поим го дефинираат и со
-степенот на корупција,
-криминализација,
-економскиот развој и со сите други категории што можат да предизвикаат
-внатрешни конфликти и дезинтеграција.

Крајот на служење војска !

Собранието го укина воениот рок

Се укинува задолжителното одење во војска, реши вчера Собранието, кое со консензус ги усвои измените во Законот за одбрана.
За измените со кои се предвидува априлската класа во АРМ да биде последна што редовно ќе го отслужува воениот рок гласаа сите 94 пратеници што беа присутни на седницата.
Есад Рахиќ, претседател на Комисијата за одбрана, вели дека ова е рекорден број гласови што ги добил некој закон во историјата на плурализмот во Македонија.
Укинувањето на воениот рок е во согласност со стандардите за приближување кон НАТО, така што АРМ ќе се професионализира.
Предвидено е само доброволно служење војска во период од три месеци.

Сиромаштија и ММФ

ММФ профитира само од сиромашните земји

Меѓународниот монетарен фонд профитира од економската криза во сиромашните земји во светот, ја пренесе „Макфакс“ веста на хрватската агенција „Хина“.

Експерти заклучиле дека ММФ не може финансиски да преживее доколку во светот нема повеќе економски слаби земји, кои досега под притисокот на меѓународната заедница по правило позајмуваа пари од оваа организација, се вели во веста. Тие сметаат дека ММФ запаѓа во криза поради поголемата стабилност на земјите-членки, кои досега ја полнеле касата на фондот со камати за кредитите од оваа финансиска организација.

Македонски експерти и стопанственици често ја критикуваа Владата бидејќи слепо ги следеше советите на ММФ и економската политика што тој ја наметнуваше. Според нив, рестриктивната економска политика на монетарците предизвика неспоредлив застој во нашата економија.

Македонија е членка на ММФ од осамостојувањето, а за речиси 13 години двете страни склучија десетина аранжмани. Според дел од експертската јавност, парите што Македонија ги доби од кредитите од ММФ се незначително мали и воопшто не придонеле за развој. Стопанствениците повеќе пати искажаа незадоволство од цврстата соработката меѓу Македонија и ММФ со образложение дека тоа го кочи економскиот напредок.

Friday, May 05, 2006

Биографија за Миладиновци

Бугарите не ја даваат биографијата на Миладиновци

Автор на биографијата напишана на рака е најмладиот брат Наум, а на академик Гане Тодоровски кој работел и го истражувал документот бугарските акадмици му препорачале да не ја објавува интегрално

Изворната биографија на Димитар и Константин Миладинов, напишана од нивниот најмлад брат Наум, се наоѓа во архивите на Бугарскатата академија на науките и уметностите.
Документот насловен "Биографија на Миладиновци" е создаден околу 1865-та година има 100 страници, напишан е на рака и е на струшки дијалект и досега не е објавуван.

Во биографијата Наум Миладинов ги опишува најзначајните моменти од животот на Димитар и Константин. Како што вели академик Гане Тодоровски во прашање е многу важен и корисен документ за македонската историја, особено што е напишан од братот на Миладиновци кој исто бил мошне интересна личност.

Wednesday, May 03, 2006

Улицие и плоштадите - пазари

Многу пати шетајки по европските мертрополи имам видено примери каде Делови од улици и Плоштади во определени денови во недлата и во определено време се претварат во своевидни пазари на зеленчук и други дребулии.

По завршеток на определеното време тезгаџиите се собираат и улиците и плоштадите пак се оставени за својата основна намена.

Што сакам да кажам ?

Па ова им го предлагам на градските татковци да го уврстат во својата програм и обележат вакви места. Така ке се задоволат две потреби. На граѓаните кои имаат потреба да купат свеж зеленчук и на земјоделските производители или ситни трговци да заработат некој денар.

А ке се надмине и немилата слика на појава на диви пазари пред секој пофрекфентен трговски центар..

Разнесено културно богатство

НИЕ СЕ ФАЛИМЕ, СОСЕДИТЕ ГИ ЧУВААТ ДОКАЗИТЕ ЗА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ

МАКЕДОНИЈА САМО ВЕРБАЛНО МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА Е ЛУЛКА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ, БИДЕЈЌИ НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ОД ДОКАЗИТЕ ГИ ЧУВААТ СОСЕДИТЕ ВО СВОИТЕ НАУЧНИ ИНСТИТУЦИИ. КОНКРЕТНО, ПРЕКУ ОДЗЕМЕНИТЕ СРЕДНОВЕКОВНИ РАКОПИСИ НА НАШАТА ИСТОРИЈА И Е НАНЕСЕНА НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА
-
Македонија - лулката на словенската писменост може само вербално да се пофали дека е токму тоа, бидејќи најголемиот дел од доказите за тоа - средновековните ракописи се чуваат во музеите, библиотеките и научните институции на соседите и во некои од европските држави.
-
Во Македонија не е зачуван, односно нема ни еден од најстарите глаголски ракописи, иако седум од деветте најстари се создадени во Македонија, а токму најстарите и највредни ракописи се наоѓаат надвор
-Поголем дел од тие книги и ракописи денес се наоѓаат во повеќе европски градови, во Белград, Загреб, Москва, Одеса, Санкт Петербург, Софија, Пловдив, Краков, Букурешт, Ватикан, Минхен, Париз, Лондон, а мал дел (само 400) е зачуван во Македонија.
-
Бугарите ги имаат највредните македонски ракописи
*
Едно од најбогатите депоа со македонски ракописи во светот се наоѓа во Народната библиотека "Кирил и Методиј" во Софија. Таму се чуваат и неколку десетици ракописи од 14. век сите напишани на пергамент.
*Исто така и во Бугарската академија на науки и уметности се чуваат вредни ракописи од Македонија.
*Во Рилскиот манастир меѓу другото се наоѓаат и речиси најстарите македонски книжевни траги. Тука спаѓаат македонски глаголски листови од 11. век, а шест од нив се наоѓаат токму во Рилскиот манастир,
*а два листа во Руската академија на науките.
-
Џинот продавал ракописи
*Преродбеникот Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Цветаноски во својата книга го посочува како сопственик на приватна збирка на стари ракописи и како трговец со истите. *Видниот македонски преродбеник и доставувал на бугарската егзархија во Цариград и во Софија,
*а подоцна и на српското учено друштво во Белград многу вредни ракописи. Една колекција од 36 вредни ракописи и продал на Народната библиотека во Белград.
*Џинот во цариградски весник пишува дека во тој период додека тој живеел, најмногу ракописи имало во Охрид и Охридско, но таму калуѓери "не од наш јазик" ги уништувале меѓу другото и со фрлање во Езерото.
*Во некои странски библиотеки, денес има ракописи што дури и Џинот ги продал.

Инспиративниот напис во Вечер:
Македонија ја крадел кој ќе стигнел
Инспириран од книгата на Нове Цветаноски, и книгата "Разнесено богатство".

Слични написи во овој блог

Што се е одземено од нашите цркви

30 Apr 2006 by volan

За враќањето на артефактите дома - повторно

28 Apr 2006 by volan

volanskopje: Барање на МПЦ до Владата, да почне акција за враќање на предметите што и припаѓаат на Црквата, а се наоѓаат во другие земји

Monday, May 01, 2006

ДЕЖУРНИ СЛУЖБИ - за празниците

ПОЛИКЛИНИКИ
За време на првомајските празници 24 часа дежурни ќе бидат осум поликлиники, и тоа: "Ѓорче Петров", "Идадија", "Бит-пазар", "Јане Сандански", "Драчево", "Ченто", "Чаир" и поликлиниката "Шуто Оризари". За време на празничните денови постојано дежурна ќе биде и Службата за итна медицинска помош, домашна посета и ноќната служба.
АПТЕКИ
Градската аптека "8 Септември", во близина на полициската станица "Беко", ќе дежура 24 часа на 30 април и на 1 и на 2 Мај. Аптеките во ГТЦ и во "Бисер" на празничните денови ќе работат од 7 до 14 часот.
Аптеките на "Реплек" денеска ќе работат со вообичаено саботно работно време, а дежурна в недела и за празниците ќе биде аптеката до Стопанска комора и ресторанот "Мекдоналдс".
За празничните денови ќе работат сите аптеки на "Зегин", но со скратено работно време од 8 до 20 часот. Дежурни 24 часа секој ден ќе бидат аптеките во МНТ и во "Буњаковец".
"ЖИТО ЛУКС"
Продавниците на "Жито Лукс° в понеделник, 1 Мај, ќе работат од 7 до 14 часот, со исклучок на продавниците број 2 на улица "Васил Ѓоргов° 11 и број 199 на улицата "Ѓорче Петров" бб, кои нема да работат. На 2 Мај сите продавници ќе работат од 7 до 14 часот. Исклучок ќе бидат и воопшто нема да работат продавниците број 80 на улицата "Ефтим Спространов" бб и продавницата број 53 на улица "Благоја Стефковски" во населбата Маџари.
МАРКЕТИ "ВЕРО°
Маркетите на "Веро° денеска ќе работат со вообичаеното работно време од 8 до 22 часот, а утре со неделно работно време и ќе бидат отворени од 8 до 17 часот. И на 1 и на 2 Мај овие маркети ќе работат како во недела, а на 4 мај со вообичаеното работно време од 8 до 22 часот.
МАРКЕТИ "ТИНЕКС°
Маркетите на "Тинекс° денеска ќе бидат отворени од 8 до 22 часот, а утре ќе работат до 18 часот. На 1 и 2 Мај вратите на "Тинекс° ќе бидат отворени од 8 до 15 часот, а од 3 мај маркетите ќе работат со вообичаеното работно време.
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
Шалтерите на Комерцијална банка во Скопје и во градовите низ Македонија денеска ќе работат со вообичаено работно време. Од 1 Мај дежурни ќе бидат шалтерите на филијалата на банката во Охрид од 8 до 14 часот. Во целиот период на располагање ќе биде мрежата на банкомати широко распространета низ Скопје и во државава.

ДЕЖУРНИ СЛУЖБИ

Кога ЕУ ке ги почне преговорите за членство со МК

Од Брисел стигна најавата дека ЕУ ни подготвува ново одлагање, овој пат на датумот за преговори за членство.

Оцената на Брисел била дека реформите на оваа Влада стагнираат, дека не се доволни Македонија да добие позитивен извештај и препорака за започнување преговори во ноември, па ЕУ ќе ја почека новата влада и извештајот наредната година за евентуално во 2008 година да ? го каже датумот на Македонија, кој толку еуфорично се очекуваше за крајот на 2006 година.

Ваква порака пред избори не би посакала ниту една влада во земјава, но знаејќи ја атмосферата во ЕУ и сигналите што толку грубо ? се праќаат деновиве на Бугарија за одлагање на членството, место за сомневање во намерите на Брисел тешко дека има овој пат.

Кои денови се празнува, кај нас и во соседството

Генерално, во повеќето земји се празнуваат неколку исти празници, а тоа се:
-
Нова година
-
Божиќ
-
Велигден
-
Први мај

Дополнително, пак, секоја земја си има свои празници, а нивниот број варира од земја до земја.

Во Македонија за државни празници на кои не се работи се прогласени:
-
2 Август (Илинден, односно денот на Крушевското востание и на Првото заседание на АСНОМ);
-
8 Септември - Денот на македонската државност
-
11 Октомври - Денот на востанието против фашизмот
-
покрај на 1 мај, кај нас не се работи и на 2 мај
-
додека за припадниците од другите вероисповеди, освен православната, како што се, исламската, католичката и еврејската, неработни се деновите од соодветните верски празници.
Се на се девет дена празници во годината.

Во соседна Грција, покрај деновите за Нова година, Божик, Велигден и Први мај, не се работи:
-
40-от ден по Велигден
-
Духови
-
15 август - Голема Богородица
-
28 октомври - на Денот во спомен на војната
-
26 декември на свети Стефан

Во Србија и Црна Гора, има плус 4 национални празници:
-
Денот на Уставот - 27 Април;
-
Денот на победата над фашизмот - 9 Мај,
-
Националниот ден на Црна Гора - 13 Јули
-
Денот на републиката - 29 Декември.

Словенија има 5 национални празници кои се прогласени за неработни денови, тоа се:
-
27 Април - Денот на отпорот;
-
15 Август - Богородица,
-
31 Октомври - Денот на реформата,
-
1 Ноември - Денот на сеќавањето на мртвите
-
26 Декември - Денот на независноста.

Во Хрватска, покрај стандардните, Нова година, Божиќ, Велигден и Први мај, не се работи дополнителни седум дена и тоа:
-
15 Јуни, на верскиот празник Тијелово (наш Духовден),
-
22 Јуни - Денот на антифашистичката борба;
-
25 Јуни - Денот на државноста;
-
5 Август - Денот на победата и татковинската благодарност;
-
15 Август - Голема Богородица;
-
8 Октомври - Денот на независноста
-
1 Декември на Сите Светци.

Полска и Словачка, покрај неработните денови за Нова година, Божиќ, Велигден и Први мај, имаат дополнителни шест, односно 10 неработни дена.

-
Во Полска се празнува и на 3 Мај на Денот на Уставот,
-
потоа во почетокот на јуни, Духовден;
-
на 15 Август - Голема Богородица;
-на 1 декември - Сите Светци;
-на 11 Декември, на Денот на независноста и
-
на 26 декември на Свети Стефан.

-Во Словачка не се работи и на 6 Јануари,
-на Денот на Светите три крала;
-во мај, на Духовден;
-на 8 Мај на Денот на победата над фашизмот,
-на 5 Јули, на 29 Август,
-на 1 Септември, на 15 Септември, на 1 Декември, на 17 Декември и на 26 Декември.

Јапонија, која важи за земја со највредните работници, има дополнителни 14 неработни дена.
-
Денот на здравјето,
-Денот на културата,
-Денот на децата,
-Денот на роденденот на императорот,
-на работничката благодарност,
-на почитта кон старите лица,
-на возрасните,
-на есента...

Македонија последна и на листата на национални празници

Blog Archive

Site Meter