Турција наскоро ќе почне изградба на вештачкото езеро Илису, на горниот тек на реката Тигар близу тромеѓето со Сирија и Ирак, повлекувајќи го првиот чекор во очекуваната војна за контрола на водени ресурси.
Неодамна Советот за национална безбедност и Владата одлучија да дадат приоритет на водените ресурси, кои се дефинирани како оружје на иднината, особено во регионот во кој водата е поскапа од нафтата. Целта на Турција е да има целосна контрола врз водите на реките Тигар и Еуфрат, од кои зависат Сирија и Ирак, како и целиот Блиски Исток.
Изградбата на вештачкото езеро треба да почне летово и да заврши до 2010 година.
Вештачкото езеро треба да поплави 52 села и 15 гратчиња, од кои треба да бидат евакуирани меѓу 55.000 и 78.000 луѓе, претежно Курди.
За извесен период Сирија и Ирак ќе бидат отсечени од своите основни водни извори.
No comments:
Post a Comment