Големо количество експлозив поставен во старите гробишта во селото Коктапај, во областа Голема Малесија, го разнела неодамна поставениот крст на едно од ритчињата во овој дел на Албанија.
Не се знае кој го поставил експлозивот, а полицијата во Скадар поведе истрага за случајот.
Во ова село, каде што речиси половина од жителите се муслимани, а половина католици, со поставувањето на крстот започнале верските недоразбирања.
Во овој дел на Албанија во последно време е се' понагласена верската нетолеранција. Исламската заедница во Скадар се противи на поставувањето крстови, на обновувањето цркви и го оневозможува поставувањето на биста на Мајка Тереза, поради тоа што била католик.
Експлозија го разнесе крстот кај Скадар
No comments:
Post a Comment