Во нашиод
код и меморија е драмата “Македонска крвава свадба“ (Војдан Чернодрински). Се
плашам разните сценаристи од денешницата да не го искористат ова драмско сценарио
за да ја заплеткаат сегашноста во крваво сценарио и пир. Сетите се дека етничкиот
крвав судир во Босна почна со убиствата на младиот брачен пар на мостот над Миљацка
- брзо по нивната венчавка. Сегашниве сценаристи наши и странски секојдневно се
обидуваат да го наметнат својот поглед на светот и кога нешто не им одговара
прават таканаречени “контролирани нереди“ за да од тоа политички профитираат.
По нашите градови тече река народ која е уверена дека со мирните протести ке го
сочува ткивото на македонизмот, преку заложбите за сочувување на унитарнота на
државата, територијалниот интегритет, идентитетот, Македонскиот јазик и името Македонско.
Во ситуација сме кога немаме Собрание во полн капацитет, Владата ни е изборна,
судството е такво каво е и многу лесно ке се направи голем неред во
евентуалниот крвав пир – ако некој посакува такво сценарио. За релативно мала
пара на светскиот пазар на убијците ке најмиш професионален убиец кој ке цели
во жива мета. Пари и мотиви да сторат такво нешто во Македонија имаат
многумина. Плукањето и заканувањето на младите тројки (кои деновите ги видовме
во акција) е само детска игра со која можеби некој се обидува да дознае какви
би можеле да бидат реакциите. Но крвав пир е нешто друго.
No comments:
Post a Comment