Некојпат кога учев економија за продуктивна инвестиција се сметаше онаа инвестиција што се вложува во во производните процеси - таму каде што се создава нова вредност. Пример не се вложува во административни згради туку во производни хали, во машини и нова технологија, во знаење за напредни технологии. Повеќе »..... moor ».....
Нашиве сегашн власти изгледа учеле некоја друга економија. Најголем креатор на БДП-то и најголем работодавач се буџетските т.е. таканаречените непродуктивни потрошачки дејности. Имаме секојденевно отварање на нови административни згради за ова или она министерство, ваков или онаков споменик. Од која економија учеле сегашните власти не ми е јасно.
За продуктивна економија на подолг временски период се смета вложувањето во инфраструктурата, во образованието и здравството. За вакви потреби нема место од нашата акумулацја општествениот капитал. За тоа се задолжуваме со кредитни линии од странство - со што се подјармува домашното стопанство и се прави зависно од странски производи и услуги.
No comments:
Post a Comment