- Зголемен трговскиот дефицит
- Пад на девизните резерви
- Пад на производството во клучните гранки
- Се очекува и пад наместо раст на БДП
- Странските и домашните директни инвестиции се движат околу нулата
- Пад на ликвидноста и недостаток на обртни средства
- Зголемување на каматите на кредитите и пад на кредитниот рејтинг
- Имавме и прв ребаланс на буџетот каде се скастрија инвестиционите проекти (оние покрупните) - останаа поситните и платите на администрацијата
- Паѓаат тендери поради немање на пари за нивно спроведување
- Спас се бара и во задолжувањето како на домашниот така и на странскиот пазар
- ММФ е резервен план
- Се спроведува план на штедење во сите министерства и јавни претпријатија
- Замрзнати се сите нови вработувања
- Слаби резултати даваат и новите ситни даноци, казни и пенали кон малото стопанство и граѓаните ...
Friday, July 24, 2009
Кризен данок ... Владата демантира дека ке го спроведува ...
Буџетот е во криза, паѓаат приходите од приходната страна, особено загрижува падот на приходот од ДДВ. Во текот на изминатите месеци имаме:
Кастрење на администрацијата ми е најневеројатно, оти функционирањето како агенции за вработување на сметка на државата е основа на моќта на било која партија што била на власт досега во Македонија.
ReplyDelete