Деновиве почесто одам кај мајками. Повторно има зголемаена потреба од нега. И давам од препишаните лекарства, ке сварам супа, компот, ке зачистам по нејзината куќа. Денеска пред да појдам дома ме праша: „Што имаш во торбата ?“ - зошто, ја прашувам.
Бабати(нејзината свекрва ...) ме има советувано никојпат торбата да не ми биде празна ... ако немаш ништо потреба да носиш во торбата советот на бабами бил стави еден џемпер во неа - за да видат комшиите дека торбата не ти е празна ... Празна торба симболизира празна среќа ...
No comments:
Post a Comment