Од денеска па до истиот ден во идната година ке се возам со 54-ка ... верувам дека “автобусот“ - кој е од старите модели ке вози и оваа година со иста снага како и минатите ... ке подкашлува малку ... некои од помладите ке се подсмеват на “стариот стил на возење“ ... но јас ке се трудам да учам од помладите возачи и да го прилагодувам мојот “автобус“ на потребите на времето во кое живееме ...
Од 54 до 104 има уште 50 броја ... доволно многу за да се раскажат уште многу стории ... некои нема да бидат многу убави бидејки нели моделите застаруваат и зарѓуваат ... но срцето и душата на возачот се полни со енергија и не се даваат ... додека е разумот бистар ке се дружиме ...
No comments:
Post a Comment