Sunday, November 30, 2008
Раѓање на денот во Скопје, во едно октомвриско утро ...
Раѓање на денот во Скопје, во едно октомвриско утро ...
1.
Утрото е најубавиот дел од денот ... источните цивилизации со утрото го врзуваат нивното примање на космичката енергија јин/јан ... за сите спортиски најважен тренинг е утринскиот ... има нешто во вдишувањето на воздухот во во моментот кога се раѓа денот ... има нели поговорка “.. кој рано рани две среќи граби ..“ - трансформираниа од наштите млади во “.. кој рано рани, останува ненаспан ..“ ... моето искуство говори дека навистина е греота што ги пропуштаме утрата на сметка на ноќниот живот ... ноќта ја претворивме во ден ...
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
22.
Кумановска бања - тужна фото прича ... окупација у 16 слике ...
Кумановска бања - тужна фото прича ... окупација у 16 слике ...
Жална је овај прича за кумановску бању ... место које некад било монденско и престижно ... ке видике од слике кој га је окупираја ... место које од скора је вратено на старе газде да газдујев ... место куде се пуни кумановска кисела вода ... да ти се одпије кд ги видиш слике ... место близо хотел КУБА ... исто некад престижно место сг жалосно место ...
- Кумановска бања претворена во огромно ѓубриште ... Врвни стручњаци по балнеологија од домашно и странско потекло уште во раните децении на минатиот век испитале и утврдиле и го оставиле во пишани материјали дека минералната "вруќа вода° на Кумановска бања лекува од "триста болештини°, а докажано најмногу од болести на нервна база. Од памтивек пред двете чешми дење-ноќе ќе видите купче луѓе кои откако ќе си наточат кисела вода, задолжително си ги замиваат очите по што прогледуваат со вид на новороденче.
- КУМАНОВСКА БАЊА ЗАПУШТЕНА И НЕУРЕДЕНА ... Секојдневно по стотина луѓе ги користат благодатите на лековитиот термален извор познат како Кумановска Бања, во селото Проевце, кој се наоѓа на три километри од градот. Тие главно бараат спас од нервни, стомачни и кожни заболувања, но водата од 40 Целзиусови степени е одлична и за релаксација и отпуштање од секојдневните стресови. ... ... Оваа лековита вода да е во Швајцарија или во Германија, можете ли да замислите како би изгледала. Жалосно е што природните богатства кај нас никој не ги цени, па не ги ни одржува. Да е средено по европски стандарди, овде секоја година би било преполно од странски туристи - велат нашинци на привремена работа во странство. ... ... Пред распадот на СФРЈ бањата имала гости од цела тогашна држава, имало и лекар, а реката што тече покрај бањата била чиста. ... ...
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
стара зграда на кумановску бању која се реновира и вероватно ке биде ресторан, мал мотел за свадбе и проводи ... куде текла вода па ке тече ... реновира гу приватнан газда на кога му е вратена сас денационализацију ...
Јолевски продолжува таму каде што застана Димитров ...
По скоро два месеца размислување на владата - кого да предложи за преговарач во спорот со името го добивме третиот преговарач ... по Тошевски, Димитров следува Јолевски ... во меѓувеме се случи тужбата во Хаг ...
Ја има подршката и од владата и од претседателот ... чеинам дека е добро кадровски решение за спор - кој нема да биде решен уште долго време ... Јолевски како мудар дипломата побара во тимот да бидат вклучени и Димитров и Протоѓер заради континуитет ...
Јолевски е моментално амбасадор во САД, предходно беше долгогодишен преговарач на Македонија со Светската трговска организација како и шеф на кабинет на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски.
Saturday, November 29, 2008
Подржавување на бизнисот со огревно дрво ... го менуваме ли државниот систем ...
- Од Нова година само јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе продава дрва за огрев, а сите приватни складишта за продажба на огревно дрво ќе бидат укинати, велат во Министерството за земјоделство.
- Владата очекува од овој монопол да собере околу 450 милиони евра, со кои ќе пополни дел од буџетската дупка што ќе настане како последица од пакет-мерките што беа донесени за ублажување на кризата.
Евидентното подржавување на бизнисите каде по оценка на власта се вртат големи пари продолжува ... сега еве поради неможнаста да се контролира бизнисот со дрва, се укинуваат приватните складишта за продажба на дрва ... уште едно место каде државата става рака ... нели е ова уште еден сигнал за промена на системот ... мене ова не ми личи на либерална мерка во либералниот капитализам каков што државата го прокламира пред светот ...
Сето ова ми личи на враќање во првиот стадиум на капитализмот - “државниот капитализам“ ... оној првиот по крајот на втората световна војна ... “државниот капитализам“ со партизација на државниот апарат ... или можеби само ми се чини ... колку сето ова ме подсетува на бившите “другари“ - кои во тесни кругови “се грижеа“ за нашите судбини ... ваков модел имавме и во социјалистичкиот период, кога доминантен сопственик на средствата за производство и материјалните добра беше државата ...