Балканот е преполн со историја ... позната е изреката “На балканот сите години се историски ...“ ... но, балканот е познат и по изворните народни песни и ора ... па така имаме нова изрека “Во Босна немој да пееш ке те натпејат ... во Србија немој да играш ке те надиграат ... а во Македонија немој ни да играш ни да пееш - ке бидеш ем надигран, ем надпеан ... Македонија е културна ризница на прекрасни стари ора и песни ... некои од песните и ората се со сличен мелос и ритам и во две/три соседни земји како Македонија/Бугарија/Србија ... некои се пеаат и се подеднакво популарни во сите овие три држави а народот ги има засакано бидејки се блиски за нивната душа и ритам ... одговараат на менталниот склоп на народот од кај потекнуваат и се секако дел од културниот идентитет на народот ... многупати има “кавга“ меѓу соседите - чива е песната или орото ... македонска/бугарска/српска ... Јас би рекол тоа и не е толку битно чива е песната, битно е што пооделни песни и ора имаат посебно место во срцата на народите и се неодминливи во прославите (свадбите, славите, домашните веселби ...) ... на секој оној на кој одредена песна или оро му лежи на душата/срцето - треба да му дадеме право дека е и негова ... нешто слично како што јас сметам дека песните на Битлси се и мои ... дури и младите генерации ги прифаќаат со тек на време, па журките вообичаено завршуваат со некој чочек на маса/столче ... или лирска песна покрај езеро ... Старите песни и ора се предизвик и за новите правци во музиката ... па имаме етно призвук и во сите нови и современи правци во музиката ... од Леб и Сол навака етно звукот е присатен во безброј групи и врвни пеачки имиња ... сполајму на господа и неодминливиот маестралниот глас на Тоше Проески направи прекрасен албум со етно звуци ... а имаме и неколку музички групи кои гајат типичен етно звук во современа обработка - пример Синтезис ... МК влада годинава направи прекрасен проект каде на најврвните млади пејачи кои изведуваат забавна музика им пружи можност да направат преработка на десетина најпознати МК изворни песни ... кои се достапни и на интернет ... впрочем денеска сите песни се достапни на интернет ... само треба малку умешност и знаење да се дојде до нив ... некои од изворите се легални а некои за жал се нелегални ... но на крај и тие придонесуваат МК песна да стигне брзо и промтно во сите делови на светот, таму каде живее Македонецот и таму каде на МК душа и се милува да прослави некој среќен момент од својот живот ... Интернетот направи многу да го доближи МК звук/мелос/ритам насекаде во светот ... денеска МК ора и песни се најдостапни од било кога благодарение на интернетот ... постов нема да се бави со сите главни извори каде се сочувани текстовите, нотните записи и изведби на најквалитетните МК изведувачи на старата народна и изворна песна/ора ... но ке си дозволам да дадам неколку линкови кои на брзина ги собрав од интернет и чинам се релевантни ... оние кои се значајни а не сум ги спомнал дајте линк во коментарите - ке го едитирам линкот и во постот ...
|
No comments:
Post a Comment