Дали е Македонија вистинска раскрсница на Балканот ... како што пишува во сите учебници по географија и историја - или е само слепо црево ... ке дознаеме од тоа за колку од долните понудени делници за автопат, ке се пријават заинтересирани инвеститори ...
Имено Владата на Македонија распишува јавен повик на заинтерсирани странски и домашни инвеститори за градење на 560 километри нови автопатишта - под концесија ... крајниот рок за понудите е 15 август годинава ... Би сакал да верувам дека ке се исполнат плановите на владата да најде заинтересирани партнери меѓу странските и домашните инвеститори ... но со оглед на тоа што во овие патишта не се вклучена ни една делница на најфрекфертната саобраќајница од Грција до Србија ... некако сум скептичен дека ке има доволно заинтересирани за овие понудени правци ...
No comments:
Post a Comment