Ва текот на август или почетокот на септември годинава - се предвидува старт на градба на црквата Св. Кирил и Методиј, која треба да се гради на крстосницата меѓу булеварите Србијаа и Јане Санданскии, дијагонално од поштата во Реонскиот центар Аеродром. За ова вчера во Општина Аеродром беше поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој оствари средба со заменик-градоначалникот Југослав Зибероски. За оваа црква веќе има предвидено градежна парцела со површина за градба во деталниот урбанистички план за локалитетот Јане Сандански, кој е во процедура и се очекува наскоро да биде донесен од страна на Советот, велат во Општина Аеродром. |
No comments:
Post a Comment