Не сум сигурен дека објавувањето на кој дел од центар ке се гради кој споменик - не е дел од некое сценарио ... во ек кога сме во Владина криза ... во криза со преговорите за името ни - кое ни е императив за НАТО и ЕУ интеграциите ... некој си “чешла вуна“ и соопштува на кој ќош ке се гради споменикот на Ченто ... на кој споменикот на Цар Самоил ... и се разбира централното место за Александар Македонски ... Не дека сум против спомениците ... но тајмигот не е баш добро темпиран ... ке ги заборавев спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев кои ќе се постават од левата, односно десната страна пред Камениот мост. Ако тука ги додадеме и лавовите на Мостот на Гоце Делчев и повеќето други споменици ... ке заокружиме сите предвидени споменици ... заедно со музејот на воштани фигури ...
No comments:
Post a Comment