8 Март Меѓународниот ден на жената ...
1910 Врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген, Данска, во август 1910 година, 8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената.
1945 Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
Некако не сум по празниците ... за мене кога е се во ред секој ден ми е празник ... Со години наназад жените се бореа за својата “равноправност“ ... така борејки си нагрбија само додатни обврски ... осем редовните домашни обврски нагрбија и работни обврски ... конкурираат на мажите - со помала плата за иста работа ... од ова профит и ќар видоа само газдите ...
Дали е жената позадоволна кога ги работи таканаречените женски работи ... традиционално врзани за својот дом ... околу децата ... околу домот - средување ... на крај ке си го дочекаат ведри и одморни сопругот и убаво ке го поминат преостанатиот дел од денот ... особено ноќта ...
Вака трчајки по кариера способните МК жени го одлагаат времето во стапување во брак и времето на раѓањето на првото и останатите деца ... така доаѓаме до криза на обновување на прираштајот во богатите држави, каде жената е еманципирана и вработена ...
Читам дека едино во Јапан жената кога ке се омажи го напушта работното место и се посветува на фамилијата ... евентуално во периодот кога ке пораснат децата ... кога многу проблеми ке легнат - повторно наоѓаат работа ...
Дали жените сами си го бараа и станоа робови на својата желба за рамноправност на половите ... Едно знам со сигурност - мажот нема природна моќ да донесе, да роди нов живот ... природата таа работа ја дала како моќ на жената ... и не само да роди ... во првиот дел од животот мора и да го дои детето ... и се разбира нормални се поголемите чувства на жената према децата поради природната блискост на папучната врска и врската која се прави преку доењето ...
Како и да е на оние кои го слават овој ден како празник им го честитам ... со една виртуелна роза ...
No comments:
Post a Comment