Следејки две вести - во еден ист весник, во ист ден ... едната - Цената на челикот го поскапе АМБО ... и другата - Нафтоводот го доведе Путин во Грција - претседателот на Русија стигна до Атина каде што ќе го потпише договорот за Бургас - Александрополис ... неминовно се доаѓа до заклучок дека - тешко ке биде нешто од АМБО ...
Зошто ...
Нафтоводот Бургас - Александрополис е долг 280 км, а капацитетот на протекување 35 милиони тони годишно со можност да се зголеми до 50 милиони тони годишно. Ориентациската цена на проектот е милијарда евра.
АМБО е долг 912 километри и капацитет за пренос на околу 35 милиони тони нафта годишно, ќе изнесува 1,8 милијарда долари.
Причините поради кои се градат овие нафтоводи е да се заобиколи тесниоте мореузи Босфор и Дарданели - и да се избегне транспортот на Руската нафта да биде зависен од вољата на Турција ...
Се чини дека АМБО ја изгуби трката поради: подолгата релација (трипати) ... поскапиот проект (дупло) ... а имат ист капацитет ... башка АМБО касни во почетокот на изградбата ...
No comments:
Post a Comment