Ако се анализираат сите законски прописи кои на некој начин го допираат физичкото насилство како метод на воспитување и казнување - ке видиме дека секаков вид на физичко насилство е забранет ... врз жената ... врз детето ... врз било кого ... Дури и на полицијата и е ускратено - ограничено правото да се користи со физичко насилство ... Физичкиот контакт е најстрого забранет во образовниот процес ... наставник - ученик ...
Од друга страна имаме едно тврдење ... дека “ќотекот е излезен од рајот“ ... и дека без казнени мерки нема демократија ... Дојдовме до ситуација дека - ни најобична шлаканица никој на никого несме да упати ...
Дали шлаканицата е физичко насилство врз да речеме жената и детето ... Секако дека е физичко насилство ... Добро, исламот како да дозволува некои форми на физичка присила врз жената ... ако да речеме не се покорува на мажот ...
Постројат луѓе кои велат дека не е добро шлаканицата да се смета за физичко насилство ...
** Неколку илјади родители во Нов Зеланд побарале да не се донесува новиот закон со кој се казнува секаков физички облик на насилство врз децата, вклучувајќи и удирање шлаканици. Против тој предлог-закон се изјасниле и неколку стотици дедовци, како и многу ученици. Во главниот град Велингтон биле организирани и масовни протести, а организаторот смета дека новиот закон и' овозможува на државата да се меша во правата на родителите и во односите во семејството.
Вчера бевме сведоци дека таткото тренер на една пливачка - кој беше прикажан на ТВ како и удира шлаканица на својата керка беше приведен и затворен ...
Вака разоружани родителите сигурно се прашуваат - како ке успеат да ги воспитаат своите деца ако несмеат ни шлаканица да употребат ... кои се методите ... кога зборовите не помогнуваат ... кои се дозволените казни ...
No comments:
Post a Comment