Во минатиот период имавме ситуација на цепкање на ВМРО партиите ... а сега не заплиснува цепкањето во СДСМ ... Најпрвин нели Тито Петковски се оддели од СДСМ а сега е на повидок ново делење во СДСМ ... Бучковски најавува нова партија со уште десетина пратеници и неколку градоначалника ...
Ова е последица на недоволната зрелост на партиите во МК ... па дури и на најголемите две партии ... Наместо да владее внатрешна демократија во самите партии - имаме ситуација на авторитативни партии - каде сите што се против лидерот на партијата се и “непријатели“ на партијата ...
Наместо после пораз на избори луѓето да си даваат неотповикливи оставки - тие се трудат со сите сили да останат на власт ...
Досега праксата покажува дека сите што се одцепиле од матичната партија - по одреден период згаснуваат ... или се враќаат во матицата ...
No comments:
Post a Comment