Контраверзниот филм на британскиот комичар Саша Барон Коен, попознат како Борат .... за нас станува уште поконтраверзен бидејки Есма Реџепова и Наат Велиов од „Кочани оркестар“ - најавувааат тужба заради користење на нивни авторски песни во филмот - без нивно одобрение на песните „Чаје шукарие“ и „Сики сики баба“.
Се спомнува одштета од 100 илјади евра.
Освен песните на Есма и на Наат, на саундтракот се наоѓа и песната „Ерделези“ на Горан Бреговиќ.
Извор на веста - денешен Дневник: Есма Реџепова и „Кочани оркестар“ го тужат комичарот Борат
Белким ќе го тужат Саша Барон Коен.
ReplyDeleteАко го тужат Борат (измислен лик), може да го тужат и Лук Скајвокер, Хаклбери Фин.
Насловот на написот од Дневник е навистина несоодветен. Како исто како да напишат „тој и тој ќе го тужи Мики Маус“, наместо Волт Дизни.
Razvigor
ReplyDeleteВо право си ... Но кој го “Борат“ стана бренд име за Саша Барон Коен ...
Весниците во насловите се трудат да стават - да изберат - збор што ке асоцира на нешто што е од порано познато .... така барем јас размислувам зошто Дневник и другите весници го користат името на Борат - наместо името на Саша Барон Коен ...
Што се однесува до мене - јасно во текстот уште во првите зборови сум го лоцирал кривецот ... и имам кажано која личност стои позади “Борат“ ...