Во една прилика пред 18 години во мојата посета на Канада - Торонто .... братучетми кој е таму познат забар за да ме угости мене и сестрами пошол на пазар и купил секаков вид на зарзават и овошје .... Меѓу другите тогаш првпат пробав “суит пататос“ и “Јапонско јаболко“.
Пробувајки го Јапонското јаболко кое не беше онака изгниено - кога е најдобро - туку сеуште беше свежо во устата ми правеше горчина и онака ми ја собираше устата ... искоментирав “.... е Бате па овај Јапонска јабука може ципеле да чисти на нашу Јабуку ...“ (кумановски) ...
Сите прснаа во смеење и Бате до крајот на посетата не купи Јапонски јаболка :) ... Но ми остана секојпат во сеќавање оваа случка кога ке се спомне Јапонска јаболка ...
Инаку Јапонското јаболко успева и во нашите краишта - во Гевгелиско и Валандовско .... и еве вест има добар напис Јапонското јаболко се спрема за Европа
No comments:
Post a Comment