Saturday, August 12, 2006

Метеорска бура над Скопје

Исклучително ретка природна појава и феномен - кој неколку пати сум го гледал на филм - ноќно време е фантастично - поготову ако е ведро ....

Изворно тука.

....Дожд од метеори викендов ќе може да се види над небото на Македонија. Ако нема облаци, тогаш на небото околу 23 часот во недела ќе може да се видат светлосни линии наречени „персеиди“. Тие се создаваат со распаѓање на комета кога таа се доближува до Сонцето.

Луѓето со голо око ќе можат да го видат ројот метеори само ако се наоѓаат во темно место, односно без присуство на светлина. Затоа најдобро е оваа природна појава да се набљудува надвор од населените места.

Процесот ќе почне околу 22 часот кога ќе може да се забележи светлина со помал интензитет, што постепено ќе се зголемува.

Светлината од полната Месечина, како и можноста од појава на облаци може да ја намалат јачината на сјајот на метеорите....

4 comments:

  1. Многу интересна и ретка појава. :)

    ReplyDelete
  2. Има идеја - ја почнаа на Блогерај да се организира бдеење - организирано посматрање на појавата во манастисрскиот комплекс на Црквите во Говрлево ...

    Со тоа би се дала подршка до Говрлевските Цркви ... понатака тоа е добро место за посматрање .. ван град е не смета светлото ...

    ReplyDelete
  3. Excellent, love it!
    » »

    ReplyDelete