Синоќа гледав на телевизија и еве денес по весниците дека Скопје се сети да се промовира - како туристичка дестинација.
Советниците листаа материјал-публикација кој содржи прекрасни фотки за Скопските Историски знаменитости и Археолошки локалитети - како и карта на Скопје...
Еве и денешен Вечер има свој напис:
“ВО СРЕД ЛЕТО
Конечно, промоција на скопскиот туризам
Изработени се два постера, туристичката карта и две публикации со историјатот и значајните споменици, како и атрактивните места во градот, а се подготвува ВЕБ-страницата и мултимедијално ЦД “
И пак донација - е ова ме нервира многу. За вакви “мали“ работи - навистина не ни се потребни донации - но кога на нас не ни текнува еве другите ни помагаат...
“..Овој чекор Градот го спроведува со финансиска поддршка од страна на италијанска влада, односно асоцијацијата СЕЕНЕТ, а дел и од сопствените средства од градската каса од која се издвоени пет милиони денари..“
“..Едната брошура е наменета за странскиот пазар, со цел да побуди кај туристот интерес, да го привлече и да даде одговор зошто треба да го посети токму нашиот град. Во таа насока е создаден и нов мит за Скопје како град на седум порти.. .
втората публикација е туристички водич, кој би им бил даден на туристите при нивно пристигнување во Скопје. Во него е содржани сите места што секој турист треба да ги посети, музеите, како и седумте најбитни работи кои треба да се видат во нив. Внесени се и туристичките тури во Скопје и пошироко, како и места каде може да се седне и да се нарачат традиционалните јадења. ..
...Она што останува е изработката и печатење на проспекти од селективен карактер, односно за Старата скопска чаршија, Матка, цркви и џамии, споменици на културата и природата, како и за Мајка Тереза....“
Here are some links that I believe will be interested
ReplyDeleteLooks nice! Awesome content. Good job guys.
ReplyDelete»
Hey what a great site keep up the work its excellent.
ReplyDelete»