Friday, July 07, 2006

Малите партии изгубија

Уште од порано прогнозирав дека малите партии ке бидат губитници на овие избори. Најпрвин големите партии знаејки за јадецот на Изборниот модел - кој ги фаворизира големите партии - привлекоа во себе голем дел од малите партии.

Останатите мали партии - кои или не беа пожелни за големите партии или поради суета не влегоаа во една од коалициите и изгубија.

Македонија
ИE 1
ИE 2
ИE 3
ИE 4
ИE 5
ИE 6

Првични резултати, излезност 56% (ДИК, 07.07.2006)









44
32
18
11
7
6
1
1
303.543
218.164
114.301
70.137
57.049
57.204
17.592
11.441
32%
23%
12%
8%
6%
6%
2%
1%
ВМРО ДПМНЕ
СДСМ
ДУИ ПДП
ДПА
НСДП
ВМРО НП
ДОМ
ПЕИ

Еве малку математика околу малите партии:
-Земјоделската народна партија на Марјан Ѓорчев, која освои 12.538 гласа
-
Демократската алтернатива на Васил Тупурковски со 11.174
-
Лигата за демократија на Ѓорѓе Марјановиќ со освоени само 2.760 гласа.
-
ПЕО, според овие резултати од ДИК, освоила 13.102 гласа.
-
ДОМ добила гласови од 17.579 граѓани

Ако ги собереме сите овие гласови ке добиеме бројка од - ќе дојдеме до бројка близу до 60.000 гласови. Како коалиција сигурно ке добијеаа и уште плус 40.000 гласови. Значи респектибилна бројка на 100.000 гласови - што ке доведеше до бројка од 10 до 13 пратенички мандати. Да подсетам дека сега едвај имаат два мандата.

Ако на ова се додадат и гласовите на ВМРО-НП и НСДП ке дојдеме до бројка од цирка 250.000 гласачи. И до респектибилна бројка од 30 мандата во парламентот. Секако без “оваа коалиција“ - која многу милуваат да ја наречат “трет пат“ - нема да можеше да се формира влада и ке влијајеше позитивно на остварување на економските цели на новата влада и конечно и до приближување до ЕУ.

Зошто не дојде до ваква коалиција - веќе кашав погоре затоа што имаше премногу калкулации, суети и анимозитети во времето кога се правеа коалициите.

No comments:

Post a Comment