Две или три години се гради една кула на Јужниот бедем. Па за толку време ке се изгради и цела тврдина со денешна технологија. Велат немало доволно пари?!
Се ми се чини дека е во прашање нешто друго. Парите што се доделуваат за вакви намени се трошат на администрација и други трошоци - па нема пари за градежни работи.
Се сеќавате колку години се реконструираша Камениот Мост во Скопје.
Еве најнова вест - што и не е така нова е дека има опасност да падне дел од Јужниот бедем од Скопското кале - поради неговата перманентна влажност и недостаток на соодветна дренажа. Иако го знаат проблемот надлежните велат - немаме пари да го решиме проблемот. И што сега кој ке биде кривецот кога ке се урне зидот - како што се урна и дел на зидот во Самоиловата тврдина.
Повеќе во денешниот напис на Вест. Линк тука.
No comments:
Post a Comment