Не се остварија моите предвидувања дека нема да има купци на акциите ма Македонскиот телеком во сопственост на државата.
Во што е вицот. Веројатно е вицот во тоа што не знаеме што се е напишано во тајниот штетен договор за Македонскиот Телеком - во кој веројатно се дадени ексклузивитети на МК - Телекомот до 2027 година. Па математиката е проста ако годишно се инкасира по 150 милиони евра Дивиденда и уште пола скриено се изнесува вон Македонија а се слива во сопствениците на Телекомот - тогаш за две години екстрапрофит ке ги докупат сите преостанати акции од Телекомот.
Во Македонскиот народ има една поговорка. “Со твој камен по твоја глава.“
Е со нашиот камен Унгарците и Германците ке не цицаат уште дваесетина години и никој ништо не им може. Ако навистина се демонополизира пазарот на Телекомот во МК, тоаш тие ке тужат и ке си добијат пари од државата со камата. Такви пари највероватно ке мораме да платиме и за спорот со Рафинеријата кој се води прд меѓународен суд .
А челниците на Курто и Мурто партиите си седат мирно и си грицкаат од провизиите. Тие си се штитат меѓу себе и се чудиме зошто странците веќе десетина години наназат ни посочуваат проблеми во Корупциијата и правосудството и ги ставаат на првите места од причините за стопирање на процесот на Евроинтеграциите.
Тука лежи и зајакот за промената на Кривичниот законик во областа на Стопанскиот криминал и одговорноста на поединецет во вршењето на Сложбената положба - кој еднаш го усвои Собранието но не помина кај Председателот.
No comments:
Post a Comment