Некако се навикнавме на разни вести за нови инвестиции во и околу градскиот парк.
-Најпрвин се гради одново кафеаната Кермес.
-Потоа страшна иницијатива за заживување на зоолошката градина. Нови животни. Нова двометарска ограда.
-Се планира иселување на градската влада и совет од паркот.
-Се планира реконструкција на улицата Илинденска.
-Се подновува градскиот стадион.
-Нови режими на сообраќај и движење на пешаците во и околу паркот.
-Ролер патеки.
-Се бара место во близината за Вотерленд.
-Се затворија дискотеките во градскиот парк и на нивно место се планира мини Дизниленд
Скопје ќе добие свој мини Дизниленд
Забавниот парк ќе се простира на 5.000 квадратни метри и ќе чини 5 милиони евра
Утрински Број 2094 четврток, 01 јуни 2006
Нешто веројатно и пропуштив.
Сите овие нови најави дуваат од градските власти и Трифун Костовски. Искрајно ме радува се што е ново во градот. Но со секоја нова инвестиција се губи нешто и од старото. Се намалуваат местата каде скопјани ке можат бесплатно да се прошетаат. Се прават места за забава на побогатите а сиромасите се гетоизираат.
Дали се ова реални инвестиции!?
Дали државата и градот премногу трошат пари во потрошувачката а сето ово во исто време со секојдневно затворање на фабрики и големо одпуштање на работниците.
Идната Влада ке мора да отпушти и голем дел од државната администрација.
Несакам да сум дефетиста но со постов испаѓа дека сум таков....
Very best site. Keep working. Will return in the near future.
ReplyDelete»