Што се не би дале нашите партии на своите митинзи да имаат публика од неколку иљади наши сограѓани. Бидејки е евидентно дека е слаб интересот на Граѓаните за митинзите на политичките партии - постана пракса на сите митинзи кои треба да бидат локални да се носат аутобуси од други граѓани на така наречени подрѓувачи на партијата што има митинг.
Па така ако некој случајно залута на митинг бо Куманово-да речеме ке се чуди од каде се овие Кумановци. Никојпат невидени во Куманово. Толку сме мала земја што сите се познаваме меѓу себе ....
Сега кога ке се прочита веста дека за Цеца да ја видат платиле карти 150.000 луѓе ке звучи малку како невероватна вест. Линк тука.
А слушнав и еден добар коментар апропо огромното 50.000 френетично навијање на навивачите на Хрватската фудбалска репрезентација. Таа рече. “...Кога би можеле во Македонија да се соберат само 50.000 Македонци на едно место за едно одредено прашање - многу работи би се измениле... ние сакаме некој друг да ни ја заврши домашната задача...“
Имав еден инспиративен напис на тема “Зошто Македончето Ќути, Трпи, Трај... или линк тука.
No comments:
Post a Comment