Украдени икони и свети мошти
Од охридскиот манастир „Свети Наум“, кој една година бил под бугарска власт,биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-освен парите
-повеќе вредносни старини
-плаштеницата извезена со злато
-позлатен путир
-сребрена кутија со свети мошти од разни светци
-две старословенски евангелија со корици од сребро.
Од охридската црква „Свети Климент“ биле однесени „на чување“ во софискиот музеј
-плаштеница на Андроник Палеолог
-златна митра на св. Климент со бесценети камчиња и со крвче
-реставрираниот жезол на св. Климент со змија од слонова коска,најдена во 1911г. кај Имарет во Охрид
-царските двери од црквата
-бронзениот полилеј што бил составен од 19 дела
Од другите цркви и мансатир, однесени „на чување“ во софискиот музеј се:
-Сто икони се извадени и ограбени од црквата „Св. Петка“ во с. Маловишта, општина Цапари.
-Од манастирот „Св Илија“ во Драгош се однесени 25 икони;
-20 големи и 21 мала икона се земени од црквите од општината Секирани
-20 икони од цркви во општината Ивањевци
-Седум цркви се срушени во општините Брусник и Трново;
-седум икони се однесени од општината Стругово
-Од црквата во Рувци, Прилепско, одземени се икони
-како и од цркви во општината Наколец
-Загинале и иконите во селото Подмол
-отоа од црквите во Старавина, Градешница, Брод, Тепавци, Гнеотино.
-Икони се однесени и од параловскиот манастир „Св. Ѓорѓија“, општина Новаци,
-од црквата „Св. Аранѓел“ во Могила, „Св. Никола“ во Раштани.
Книгата со документи е сведоштво за катастрофата на македонското културно наследство, од кое дел се изложува во Софија, а ниту една наша институција досега официјално не покренала постапка да ни ги вратат вредните артефакти.
За жал негрижата за културното наследство и артефактите од МК - продолжува и во денешно време. Сведоци сме на бројни кражби на Икони, Фрески, Дуборези и сл.. и други реликвии од Манастирите и Црквите.
Да не зборувам дека дивите копачи секојдневно ја празнат нашата ризница на културно наследство - што директно допринесува со губење на идентитет на Македонската почва.
Најголеми купци на артефактите од Македонија се со грчка провиниенција....
No comments:
Post a Comment