Државата оштетена за 20 милиони евра
Човекот од доверба на двете крила во СДСМ Страшо Нелковски, во двојна улога: претседател на комисијата за продажба на тутун од Бирото за стоковни резерви и претставник на италијанската фирма „Римини Табачи“ ја реализира скандалозната операција за продажба на тутунот по извонредни дампинг-цени со екстрапрофит за партиската каса.
Како државни резерви биле подигнати 3.250 тони од складиштето на Тутунски комбинат Прилеп, 3.000 тони од Крушевскиот комбинат, 1.500 тон од „Велес табак“ („Центро табак“), 4.000 тони од „Македонија табак 2000“ и 2.000 тони од складиштата во Ресен, Пехчево, Делчево и во Неготино. Станува збор, како што вели портпаролот, за 8,5 милиони килограми „ориентал“, 1,5 милион килограми „вирџинија“ и три милиони килограми „берлеј“ и „отља“.
Според пресметките на количествата и цените по кои бил продаден тутунот, се доаѓа до 7,45 милиони евра. Со пресметката по реалните цени, државата од продадениот тутун, требало да добие 28,3 милиони евра.
No comments:
Post a Comment