Владата ќе даде 10 милиони евра за салата
Владата треба да даде 10 милиони евра за да се доизгради спортската сала во Карпош 4, рече градоначалникот Трифун Костовски на вчерашната седница на градскиот совет. Според него, во следниве неколку дена градот и Владата ќе потпишат договор за да се префрлат овие пари, кои нема да се уплатат одеднаш, туку дел по дел.
Во иднина треба да се прецизираат деталите за тоа како ќе се управува овој спортски објект. Постои опција да се формира јавно претпријатие што ќе ја раководи салата или пак акционерско друштво, со тоа што градот и Владата ќе ги поделат акциите според тоа кој колку пари вложил во изградбата.
Или можеби, бидејки државата е лош стопанственик, готовиот објект ке се “продаде“ - како и се друго во Македонија за неколкупати помала цена од потрошеното во него....
No comments:
Post a Comment