Петковски не го сака Бучковски за коалициски партнер
Утрински Број 2060 среда, 19 април 2006 - Трибина
Лидерот на НСДП, Тито Петковски, на трибина во Општина Кисела Вода изјави дека нема постизборно да коалицира со СДСМ ако раководи со неа актуелното лидерство.
“Денес имаме повеќе невработени, помалку странски инвестиции, повеќе луѓе што примаат социјална помош и помалку шанси за прием во Европската унија. Но, сепак, се создава генерација што ќе ја легитимира Македонија како рамноправен партнер во ЕУ. Ако не се вложува во неа, нема шанси за успех", истакна Петковски.
No comments:
Post a Comment