Владата деновиве треба да донесе одлука со која од евиденцијата на невработени ќе бидат избришани над 76.000 лица, кои се изјасниле дека не бараат работа туку се пријавуваат во Агенцијата за вработување само заради здравствени картони.
Ќе се бришат и тие што се водат како невработени, а живеат и работат во странство.
Со оваа мерка бројот на невработените во земјава ќе се намали од 358.000 на 280.000.
Диздаревиќ тврди дека вистинската стапка на невработеност во земјава не е 37,3 отсто, туку се движи од 12 до 15 проценти.
- Неодамна суспендирав еден вработен бидејќи дојде човек, кој ми кажа дека го подмитил со 2.000 денари за да го пријави како вработен само за да зема сини картони.
- Имаме сознанија дека наши вработени за 200 до 2.000 евра, во зависност од странката, им прават услуги на невработените.
Но мора да се сфати дека Агенцијата не е задолжена да ги вработува луѓето. Треба да се исфрли од свеста на луѓето идејата дека колку подолго чекаат работа и се на списоците со невработени во Агенцијата, толку побрзо ќе се вработат. Тоа било порано, но сега не треба да чекаат државата да ги вработи. Агенцијата е должна да им даде совет и помош како полесно да се вработат.
Јас предлагам директорката на Агенцијата за бришење на нработени да ја предложиме за нобелова награда за економија за оваа година.
ReplyDeleteТолкав скок на вработени за година дена нема никаде во светот.
Замисли моли ве “...Диздаревиќ тврди дека вистинската стапка на невработеност во земјава не е 37,3 отсто, туку се движи од 12 до 15 проценти....“
Па каде живее оваа госпоѓа, која иначе изгледа атрактивно на слика. Но мозокот и е изгледа празен...
Па заврти се госпоѓо околу себе и погледај го народот како живее.
Видете го заклучокот на Директорката на Агенцијата за бришење на невработени.
ReplyDeleteАгенцијата не е задолжена да ги вработува луѓето.
Па за што постојат, агенциите за вработуваше, госпоѓо шупља лејко.
Па името на агенцијата е агенција за вработување....