ВРОПСКАТА БАНКА ПРОТИВ МОНОПОЛОТ НА „МАКЕДОНИЈА ПАТ“-Ќе возиме по приватни патишта
Француската консултантска куќа „Бисиом“ веќе изработила студија за поделба на „Македонија пат“ на две претпријатија, кои потоа ќе се приватизираат
-Да се воведе конкуренција во одржувањето на патната инфраструктура во земјава.
-Ова е еден од условите што ги поставила Европската банка за обнова и развој за во иднина да и' одобрува кредити на Македонија за инвестиции во патната инфраструктура.
-Во студијата е предвидено Фондот за патишта да стане агенција која ќе врши надзор врз работата на „Македонија пат
-Има идеја во Владата да се дадат под концесија делници од Коридорите 8 и 10 што се уште не се изградени. Проблем претставува времетраењето на концесијата. Според нашите закони, тоа е 25 години, а инвеститорите бараат 40, колку што траат концесиите во Бугарија и во Албанија
Се ова мене ми мириса дека се спрема продажба на патиштата, па после и мостарина ќе ни уведат. За ова имаме традиција од Турско....
Земјите од Источна Европа кои имаат издадено патишта под концесија не можат да се пофалат со многу добри резултати. Од друга страна, со сегашното работење на фондот и македонија пат има проневера на пари, а патиштата не се одржуваат соодветно. Кај нас секој „избор“ се сведува на „магарето или змијата“ :)
ReplyDelete