СПОРЕД СТАТИСТИЧКИТЕ АНКЕТИ -Од активното население невработени се 37,3 проценти
Сите ги бројат бројот на невработени, но никој не кажува колку има вработени и со колкави просечни плати се т.е. може ли за платата што ја добива врабтениот да го тера месецот...
Од работоспособното население во земјава лани 323.934 лица или 37,3 отсто биле невработени,
а само 545.253 лица или 62,7 проценти вработени, велат последните податоци на државниот Завод за статистика.
Во 2005 година, во земјава имало 869.187 работоспособни лица, и во однос на 2004 година, бројот на активно население е зголемен за 4,4 проценти.
Според анкетите на Заводот за статистика, бројот на вработените, во споредба со 2004 година е зголемен за 4,3 проценти.
Стапката на вработеност изнесува 33,9 проценти,
додека стапката на невработеност - 37,3 проценти.
Значи дојдовме во ситуација на 1 вработен 1 невработен и 1 пензионер.
Која економија може да го издржи тоа??
No comments:
Post a Comment