“Бујото инжинеринг“ ја завршува изградбата на новиот објект во населбата Пинтија, кој се простира на вкупна површина од над 8.000 метри квадратни, инвестиција која сопственикот ќе го чини до 2 милиони евра.
За погони се предвидени 4.500 квадратни метри, изложбените салони ќе опфаќаат 1200 квадрати, администрацијата исто толку, а 570 квадрати ќе бидат студио за снимање на телевизиската емисија.
Новата инвестиција не само што ќе ја пресели резиденцијата на фирмата од селото Орешани во населбата Пинтија, туку и ќе го прошири производството, а бројот на вработени, од досегашните 150, ќе се зголеми за 30 до 40 нови луѓе.
Проширувањето ќе внесе и нова технологија за производство на плочаст мебел изработен од иверица и медијапан, кој ќе може лесно да се компонира во различни варијанти.
Браво за Бујото
No comments:
Post a Comment