“...Бугарската компанија Глобал кабел планира да ги купи сите кабелски телевизии во Македонија, дознава Тотал. Тие веќе имаат ангажирано тим во земјава кој работи на тоа...“
Дали ова ке значи конечно доаѓање на посериозен играч во Интернетот во Македонија. Јас се надевам на тоа. Ова веројатно ке ги протресе другите АСП во Македонија - поготово МТ.нет.
“...Доколку се случи Глобал кабел да влезе во Македонија планира да понуди пакет со кој граѓаните ќе добијат Интернет, телефонски услуги и кабелска телевизија за само 1.200 денари...“
Е, дојде време Бугарите да не учат на памет и на Економија. Веројатно е подобро и они да не учат отколку нашиве шалабајзери.....
“... Според податоците на Министерството за транспорт и врски во земјава работат 65 кабелски оператори...“
Дали некој знае, колку легални корисници имаат пријавено кабелските оператори. Зошто АЕК редовно не ги објавува бројките на крисниците на својот сајт....
No comments:
Post a Comment