Wednesday, March 08, 2006
За конкуренцијата на Телекомот
Конечно телекомот, добива каква таква конкуренција. Првата фирма која сега најлегално ке нуди телефонски рзговори со странство е “Нексттел“. Вчера Нексттел потпиша договор за интерконекција со Телекомот - видовме на прес се пиеше шампањ.
Во архивите на Телекомот и АЕК чекаат уште 13 компании за интерконекција.
Повеќе во денешниот Дневник во написот : Телекомот доби конкуренција во меѓународните разговори
“..Едноминутен телефонски разговор преку системот на "Нексттел" кон САД, Канада, Австралија и ЕУ чини од 6 до 8 денари. Преку мрежата на телекомот ваков повик чини 19 денари. Корисниците ќе имаат пристап до услугата со припејд картички во вредност од 250, 750 и 1.500 денари и со повикување на бесплатниот број 0 800 90 800..“
И Вечер ја јавува веста -
ReplyDeleteИ "НЕКСТтел" ќе нуди меѓународни разговори
А и Време пренесува
ReplyDelete„Некстел“ ќе нуди поевтини меѓународни разговори