Ваква како што е сега Агенцијата за вработување не врши работа за што собира пари од вработените. 1,6 насто од бруто плата (во СФРЈ процентот бил 0,6 насто)
Агенцијата треба да биде најпрвин место каде ке се евидентираат вработените, а невработени се сите останати кои се жители во Македонија. Доста се малтретираат луѓето секој месец еден ден од животот да дремат пред шалтерите на Агенцијата...
Агенцијата може да излегува само со точна бројка на вработени, и да го следи порастот на вработувањето или неговиот пад - и за тоа преку заводот за статистика да не информира.
Сите останати бројки за „евидентирани невработени“ се манипулација и партиска задача на директорите на Агенциите..
Понатака парите што екстра ги плаќаат вработените - треба да се трошат за прва помош кога ке остане некој без работа, до наредно вработување (некаков солидарен фонд - кој всушност може да биде и некакво осигурување).
А процентот да се смали на половина т.е. да се врати некогашниот процент од СФРЈ. Вака ке има повеќе пари за акумулација по фирмите и тие сами ке можат да ствараат нови работни места.
Бранкови закони се глупости кои служат да се испере некоја пара....
Инспирација за написов ми е студијата во денешен Дневник
Едно ново работно место граѓаните ги чини 17.500 евра
Продолжение на постот ке направам во првиот коментар
Јас сум пред се за драстично намалување на бројот на државната администрација - која со ваков број го јаде скоро целиот буџет за плати кои се само социјала. Пошто со тие плати не се подмирува потрошувашката кошничка...
ReplyDeleteА оние што ке останат во Администрацијата да имаат солидни примања од кои ке можат чесно да живеат, и да не се “проституираат-подлежат на ситно мито и корупција“ а се со цел за да си ги платат своите сметки...
Синдикатот да одредува најниска цена на трудот - под која не ке може да се вработува никој не само во јавната администрација туку и во приватниот сектор.
Секако тоа треба да е плата од која ке може да се издржи издатокот за потрошувачката кошница плус комуналиите.
Или треба да се незапослен или ако си наштол работа од таа рабоа да можеш поштено да живееш.
Секако платите кои се поголеми од овие најниски плати треба да подлежат на скалесто оданочување, во зависност од тоа каков е приходот по едно домаќинство - значи вкупен приход по домаќинство.
Вака е скоро секаде по капиталистичкиот свет, со тоа што даночни обврзници се сите граѓани (не само фирмите како што е сега кај нас). На крај на година сите пополнуваат даночни пријави и доплаќаат ДДВ или им се враќа вишокот од претплатениот данок.
Со ова би се ставило крај на црната економија. Или би се свела на минимум и занемарувачки процент...
Сите ќе купуваме производи со фискални сметки, за да го намалиме приходот. А така се потикнува потрошувачката - а ова пак позитивно влијаје на производството.
Не ми е јасно зошто за ова никој не размислува...
„..Таму Агенциите реално им наоѓаат работа на луѓето за да не се на нејзин товар...“
ReplyDeleteОва посебно ми се допаѓа, значи ако си останал без работа, ти примаш помош еден извесен период (во Германија се нарекува (arbajts los, i arbajts hilfe)
Значи агенцијата - (осигурителниот завод за помош кога ке останеш без работа) веданш се труди да те вработи, за да се ослободи од плаќањето на помошта за невработените.
Одбиеш двапати работа веднаш те симнуваат од списокот за помош и сам си барш работа...