Search This Blog

Friday, January 28, 2011

За твојот роденден,

За твојот роденден,

Празнина
немоќ
празнина
немоќ
тага
болка
тага
болка

Иако не си
физички со мене
со тебе сум
во мислите ...

А1 СЦЕНАРИО !!!


 А1 СЦЕНАРИО !!!

Saturday, December 04, 2010

Барам работа ...

Не, не барам јас работа ... МК граѓани бараат работа. Во очај пишуваат меилови на секаде, па дури и на мојот меил. По вторпат добивам меил од ист човек кој го праќа преку своја другарка која очито има меил:

Friday, November 26, 2010

Денот на Булките - Денот на незаборавот ... Комеморација на Англиските воени гробишта во Скопје

http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs1141.snc4/148325_474002982448_716372448_5695854_1913092_n.jpg 
сл.1  На Британските гробишта во Скопје, на 14 Ноември во присуство на претставници на британската амбасада, дипломатскиот кор и претставници на македонското Министерство за одбрана, беше одбележан Денот на незаборавот, посветен на милионите загинати војници во војните во изминатиот еден век. Денот на незаборавот или Денот на булката се одбележува секоја година во втората недела на ноември, во чест на крајот на Првата светска војна, која заврши во 11 часот, на 11. ден на 11. месец од 1918 година. Дури 45 милиони булки, симбол на незаборав за загинатите, беа поделени годинава низ светот. 

Saturday, October 23, 2010

Циклуси на животот и смртта - каде што течела вода пак ке тече ... перпетуум мобиле

  
Хм, од каде да почнам - од природата се разбира. Учиме од неа, таа ни е првата и најважна учителка, таа ни е инспирација и надеж ... Во неа се се одвива циклично, се се раѓа живее и завршува во циклусот на смртта. Но со смрта не завршува циклусот, со смрта само материјата се претвара од една во друга со посредство на енергија од секаков вид ... Што е вечно всушност - енергијата би рекол и цикличното движење на природата. Ако воопшто постои перпетуум мобиле тоа се наоѓа во енергијата која е најважната алка во циклусите на животот и смрта. Каде што течела вода пак ке тече.

Friday, October 22, 2010

Жолто есенско цвеќе …

http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash2/hs451.ash2/72466_455709187448_716372448_5414417_1488677_n.jpg
Жолто есенско цвеќе, во дворот на мајками … ако некој го препознае како се вика нека ми јави …

Есенски цвет во Градски парк Скопје

http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs941.snc4/73466_455713542448_716372448_5414553_3225563_n.jpg
Пред некој ден бев во Градски парк Скопје, снимив неколку фотки … есента доцни оваа година …

Blog Archive

Site Meter